ООМУ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ, 80 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА УЧИЛИШТЕТО И 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПАТРОНОТ

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ го одбележа својот јубилеј, 80 години од своето постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Во изминатите осум децении музичкото училиште беше ризница на генерации талентирани музичари, педагозии уметници кои со својата работа оставиле траен белег во земјава и пошироко. Училиштето и во иднина останува посветено на музиката,…

ЧЕТВРТИ ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Градскиот парк и вчера беше центарот на спортските настани во Велес.  Интересни и возбудливи спортски натпревари исполнети со аплаузи и поддрша од многубројната публика имаше на сите терени до доцните вечерни часови. И денеска продолжуваат натпреварите во сите спортови на овогодинешното јубилејно издание на Велешките спортски игри. Ве очекуваме!  

ТРЕТ ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во одлична атмосфера помина и третиот ден од Спортските игри Велес. Се одиграа многу натпревари на терените во Градски парк каде спортистите си ги измерија силите и освоија поени. Многубројната публика уживаше во натпревари во баскет, фудбал, одбојка на песок, тенис, а се дружеше и во катчето за опуштање и релаксација со вкусна храна и…

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.  

ВТОР ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во спортски такмичарски дух помина и вториот ден од најмасовната спортска манифестација Велешки спортски игри. И во текот на вчерашниот ден се одиграа многу натпревари, а многубројната публика ги бодреше и навиваше за своите фаворити кои спортски се бореа за поен повеќе. Натпреварите продолжуваат и денеска, затоа бидете дел од оваа прекрасна спортска манифестација.  

63.РАЦИНОВИ СРЕДБИ МАЌЕЈ КАФКА ДОБИТНИК НА ПОЧЕСНОТО РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ

  Полскиот лингвист, славист и македонист, проф. д-р хаб. Маќеј Кафка е добитник на Почесното Рациново признание за 2026 година. Ваква одлука донесе организацискиот одбор на 63. Рацинови средби во чиј состав се градоначалникот Марко Колев како претседател на одборот, проф.д-р Весна Чипишевска Мојсова, проф. д-р Кристина Николовска, Менка Андреева и Снежана Бошевска. Престижната награда…

ЗАПОЧНА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ВЕЛЕС

Велес од вчера стана спортски центар во земјава. Стартуваше петтото издание на Велешките спортски игри во Градски парк. Над 600 натпреварувачи, од кои стотина од Србија, Црна Гора, Турција, Америка, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија,  ќе учествуваат на овие игри и ќе си ги одмерaт силите во фудбал, одбојка на песок, 3×3 баскет,…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЈУБИЛЕЈНАТА АТЛЕТСКА ТРКА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Петтото  издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ успешно се реализираше низ улиците на Велес.  Околу 400 учесници во машка и женска кокуренција истрчаа  5 километри и стотина  истрчаа 10 километри на новата лиценцирана патека,  согласно стандардите на Светска атлетика и на тој начин му оддадоа почит на великанот со кој Велес се гордее. На…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од недела, 31 мај, до недела, 7 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС. Општина Велес со апел до граѓаните да се…

Соопштение за медиуми Спортски игри за млади во Велес

Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики,…