СЕ ДОГРАДУВА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Почна доизградбата и довршувањето на училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци. Вчера беше поставен камен темелникот со што продолжува изградбата на претходно започнатиот и недовршен објект, со цел да биде комплетно ставен во функција. Со комплетирањето на училишната зграда, учениците и наставниците ќе добијат функционален и уреден простор за учење и…

ХОРИЗОНТАЛНО БЕЛЕЖЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ НИЗ ГРАДОТ

Хоризонтално бележење се врши денеска на улицата „Луј Пастер“ и на Раштански пат со цел подобрување на сообраќајната безбедност и побезбедно движење на сите учесници во сообраќајот. Активностите продолжуваат и во наредните денови, кога е предвидено бележење на улиците „Васил Главинов“ и „11 Октомври“.    

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОБЕЗБЕДНО ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ ВО ВЕЛЕС

Ново ефикасно средство беше презентирано во Територијалната противпожарна единица Велес. Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7 кое е набавено за потребите на противпожарната единица. Оваа иновативна технологија овозоможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значителна помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење. Средството има широка примена при пожари на…

ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЌЕ ПРИСТИГНЕ НА СМЕТКИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПРВАЧИЊА

Општина Велес ќе додели еднократна парична помош за родителите на првачињата во Велес. По прибирањето на потребните податоци и завршената административна проверка и обработка, средствата ќе бидат исплатени на сметките на родителите. За оваа намена, од буџетот на Општина Велес се издвоени вкупно 1.276.539 денари, како финансиска поддршка за семејствата и олеснување на трошоците поврзани…

УЧЕНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ СТРУКИ ЌЕ УЧАТ ОД ВРВНИ СВЕТСКИ ШЕФОВИ

Во рамки на гастрономската недела во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес, се одржа прес конференција со реномирани шефови од меѓународната гастрономска сцена кои деновиве ќе одржат теоретска и практична настава со учениците од угостителските струки, за да ги запознаат со современите кулинарски техники, професионалните стандарди и да им пренесат искуства од светската гастрономија. Учениците…

„ДИПЛОМАТСКО КОТЛЕ“ ВО ВЕЛЕС – ВКУСОВИ ШТО ОБЕДИНУВААТ, ПРИЈАТЕЛСТВА БЕЗ ГРАНИЦИ

Велес вчера беше домаќин на уште еден несекојдневен настан. Во прекрасниот амбиент на Еко кампот на езеро Младост се одржа „Дипломатско котле“ , настан на кој учествуваа врвни мастер-шефови од целиот свет, претставници на Гасто Мак како и ученици од ДСУ РЦСОО Коле Неделковски кои во присуство на десетина амбасадори приредија вистински моменти за уживање.…

ПИТИЈАДА 2026 – ТРИ ДЕНА ЗАБАВА, ТРАДИЦИЈА И НЕЗАБОРАВНИ ВКУСОВИ

Заврши уште една спектакуларна Питијада во Велес. Три дена градот пулсираше во ритамот на музиката, добрата забава со илјадниците посетители и секако со мирисот на вкусната пита пастрмајлија. Гости од цела Македонија дојдоа вистински да уживаат во позитивната празнична атмосфера што ја приредија бројните музички гости, но и да ја вкусат најдобрата пита пастрмајлија на…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Интензивно се гради на улица „Васил Главинов“. Продолжува изградбата на потпорниот ѕид на улицата со кој се обезбедува стабилноста на теренот и се зголемува безбедноста на граѓаните, имотот и сообраќајот. Истовремено со овие активности, по барање на жителите, се врши и проширување на постојниот паркинг простор, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на овој…

ФЕСТИВАЛ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО „ПИТИЈАДА 2026“ ОД 9 ДО 11 ОКТОМВРИ

Се прават последните подготовки за традиционалниот Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“ што годинава ќе се одржи од 09 до 11 октомври. На големо задоволство на посетителите кои доаѓаат од сите краеви на државата, манифестацијата ќе понуди низа забавни активности и бројни гости пејачи и изведувачи кои со својот настап ќе ја збогатат…

ЗАВРШИ ЧИСТЕЊЕТО НА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ОТОВИЧКА РЕКА

Заврши чистењето на вториот дел од Отовичка река. Од почетокот на активностите за ревитализација и санација на езеро „Младост“ досега исчистени се околу 800 метри од речното корито со што требаше да се подобри пропусната способнсот на реката и да се намали наносот  што завршуваше во езерото. Средствата за ревитализација на езерото се обезбедени од…