НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОБЕЗБЕДНО ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ ВО ВЕЛЕС

Ново ефикасно средство беше презентирано во Територијалната противпожарна единица Велес. Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7 кое е набавено за потребите на противпожарната единица. Оваа иновативна технологија овозоможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значителна помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење. Средството има широка примена при пожари на…

УЧЕНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ СТРУКИ ЌЕ УЧАТ ОД ВРВНИ СВЕТСКИ ШЕФОВИ

Во рамки на гастрономската недела во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес, се одржа прес конференција со реномирани шефови од меѓународната гастрономска сцена кои деновиве ќе одржат теоретска и практична настава со учениците од угостителските струки, за да ги запознаат со современите кулинарски техники, професионалните стандарди и да им пренесат искуства од светската гастрономија. Учениците…

„ДИПЛОМАТСКО КОТЛЕ“ ВО ВЕЛЕС – ВКУСОВИ ШТО ОБЕДИНУВААТ, ПРИЈАТЕЛСТВА БЕЗ ГРАНИЦИ

Велес вчера беше домаќин на уште еден несекојдневен настан. Во прекрасниот амбиент на Еко кампот на езеро Младост се одржа „Дипломатско котле“ , настан на кој учествуваа врвни мастер-шефови од целиот свет, претставници на Гасто Мак како и ученици од ДСУ РЦСОО Коле Неделковски кои во присуство на десетина амбасадори приредија вистински моменти за уживање.…

ПИТИЈАДА 2026 – ТРИ ДЕНА ЗАБАВА, ТРАДИЦИЈА И НЕЗАБОРАВНИ ВКУСОВИ

Заврши уште една спектакуларна Питијада во Велес. Три дена градот пулсираше во ритамот на музиката, добрата забава со илјадниците посетители и секако со мирисот на вкусната пита пастрмајлија. Гости од цела Македонија дојдоа вистински да уживаат во позитивната празнична атмосфера што ја приредија бројните музички гости, но и да ја вкусат најдобрата пита пастрмајлија на…

„ПИТИЈАДА 2026“ на 108 MHz

  Сите настани од Фестивалот на Велешка пита и вино „Питијада 2026“ и годинава можете да ги следите на фестивалската фреквенција 108 MHz. Сите информации кои ви се потребни за и околу Питијадата и сé што треба да знаете пред да тргнете – програма, паркинг места, локации и други корисни информации можете да ги најдете…

ФЕСТИВАЛ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО „ПИТИЈАДА 2026“ ОД 9 ДО 11 ОКТОМВРИ

Се прават последните подготовки за традиционалниот Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“ што годинава ќе се одржи од 09 до 11 октомври. На големо задоволство на посетителите кои доаѓаат од сите краеви на државата, манифестацијата ќе понуди низа забавни активности и бројни гости пејачи и изведувачи кои со својот настап ќе ја збогатат…

ЗАОКРУЖЕН ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2027 ГОДИНА

Членовите на Локалниот младински совет на Општина Велес (ЛМС Велес) заедно со службеникот за млади го заокружија циклусот на консултативни состаноци со претставници на младите од засегнатите страни во Општина Велес, а со цел изработка на годишна Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Велес за 2027 година. Согласно законските одредби од Законот…

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ВЕЛЕС

На Технолошко-техничкиот факултет во Велес деновиве се одржува Маѓународна научна конференција од областа на науката за храна, исхраната, иновативните технологии и одржливоста. Конференцијата претставува можност за размена на знаења, искуства и современи научни достигнувања. Преку презентација на најновите истражувања и иновативни пристапи, учесниците отвораат прашања кои се особено важни за современото општество,од безбедноста и квалитетот…

ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛ НА ЏЕЗ, WORLD И СОВРЕМЕНА МУЗИКА ВО ВЕЛЕС

Викендов во Велес се одржа Фестивалот на џез, world и современа музика. Со настапот на Next to Silence на сцената во велешки театар, во петокот, стартуваше петтото издание на фестивалот кој и оваа година понуди богата програма и интернационални гости од Австрија, Финска и Израел. Фестивалот заврши во неделата со настапите на странски и домашни…

ВОЗИМЕ СО ВЕЛОСИПЕДИ – ЗА ОДРЖЛИВА МОБИЛНОСТ

Во рамки на активностите по повод Европската недела на мобилност, Општина Велес организираше велосипедска тура под мотото „Возиме со велосипеди – за зелена иднина“. На велосипедската рута од зградата на Општина Велес до месноста Бабуна се приклучија околу 50 учесници, меѓу кои средношколци, членови на Советот на Општина Велес, дел од јавната администрација и други…