АРЕА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО

Музичката рок група АРЕА со концерт во Велес. Велешани ќе имаат можност да уживаат во безвремените хитови на култната рок група во сабота, 9 август.  Настапот на АРЕА ќе биде на плочата позади ООУ „Блаже Конески“ со почеток во 21:00 часот. Општина Велес ги поканува сите љубители на квалитетна рок музика да дојдат и да…

СТЕНД АП КОМИЧАРОТ БОЈАН ВЕЛЕВСКИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Уште една забавна вечер помина во Амфитеатар во Младински парк од Велешко лето 2025. Велешани имаа можност од срце да се насмеат на досетките со хумористичен тон на стенд ап комичарот Бојан Велевски. Велешко лето продолжува утревечер со поетско – музичкиот перформанс „Поезија за мојот град“ во Младински парк со почеток во 21:00 часот.  

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА ИЛИНДЕН

Во пресрет на најголемиот национален празник Илинден – Денот на Републиката, Општина Велес одбележува 122 години од славното Илинденско востание и 81 година од Првото Заседание на АСНОМ. По тој повод делегации на Општина Велес, политички партии и јавни институции им оддадоа почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората…

БОГАТА ПРОГРАМА НА „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025“

Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености  и Здружението на пензионери од Велес вчеравечер беа дел од програмата на „Велешко лето 2025“. Со своите изведби полни со восхит  кон родниот град ја воодушевија бројната публика и покажаа дека со љубов и разбирање и со практикување на вистинските вредности може да се создаде подобро…

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „ЦРТАМЕ ЛЕТО“ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Љубителите на класичната музика вчеравечер имаа можност да уживаат во звуците на класичната музика во изведба на Пламенка Трајковска. Таа со гудачкиот квартет го изведе својот концерт „Балканско патување“. Програмата на „Велешко лето 2025“ продолжува вечерва  со креативна работилница „Цртаме лето“ и дружба со маскотата Стич. Настанот ќе се одржи на детското игралиште во Комплекс…

СТЕНД АП КОМЕДИЈА НА ПЕЏА БАЈОВИЌ ВЕЧЕРВА ВО АМФИТЕАТАРОТ

Подгответе се за смеа и забава со стенд ап комичарот Пеџа Бајовиќ. Вечерва, во Амфитеатарот со почеток во 21:00 часот, на сцената ќе настапи комичарот со 20 годишна успешна кариера кои со своите хуморески ги засмејувал жителите на повеќе од 50 земји во светот. Стенд ап претставата на Бајовиќ е насловена „Најдобрите саат и кусур“…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025 ВО ПОЛН ЕК

Уште еден викенд исполнет со музика за сечиј вкус. Велешката чалгија го развесели едно од најстарите велешки маала. На плоштадот Којник, се собраа и стари и млади да уживаат во македонските песни и традиционалните инструменти на Велешката чалгија. За љубителите на џез музиката пак, се погрижи Иван Иванов со својот квартет, кој одржа концерт на…

ЗАБАВА, ИГРИ, ТЕАТАР – ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Со забавни игри и кино гејминкг се релаксираа младите изминатите два вечери во Градскиот парк во Велес. Тие си ги измерија силите во PS5  и добија симболични награди. Потоа уживаа во проекција на популарниот филм „Мајнкрафт“ и првиот  македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“. Како дел од прогхрамата на Велешко лето 2025, вечерва…

РОД И КОРУПЦИЈА – ТЕМА НА ДЕНЕШНАТА ТРКАЛЕЗНА МАСА

Тркалезна маса на тема „Поврзување на локалните и националните институции во креирањето на родово сензитивни и инклузивни антикорупциски политики“ денеска се одржа во Велес, во организација на Организација на жени на Општина Велес во партнерство со Националната мрежа „Жените за жените“ со поддршка на Општина Велес. Учесниците од различни институции разменија искуства околу интегрирањето на…

КИНОГЕЈМИНГ НА КИНО НА ОТВОРЕНО

Општина Велес и Киноверзум ве покануваат на киногејминг во рамки на Велешко лето. Кино на отворено ќе се одржи вечерва и утревечер, 14 и 15 јули, во Градски парк со почеток во 19:00 часот. Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да учествуваат во гејминг дуели и да уживаат во кино под ѕвездите, а истовремено…