ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР

Денеска започна изградбата на најзначајниот капитален проект за Велес и велешани во последните три децении, новиот Градски пазар. На денешниот свечен настан по повод отпочнувањето на изградбата, во организација на Општина Велес, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој…

ПРОЛЕТНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граѓански активисти од Здруженија на граѓани денеска го чистеа просторот околу објектот во кој се сместени дел од граѓанските здруженија, што се наоѓа во населбата ,,Дворови“. Во работната акција активистите собраа 22 вреќи од 250 литри со различен вид на отпад и тоа не само од околината туку и од просториите на објектот. Пролетната еколошка…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ,,ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Општина Велес ги исклучи светлата на платото пред Основен суд Велес и Мало Мовче и на тој начин го одбележа ,,Часот на планетата земја“. Со едночасовно исклучување на светлата од 20.30 до 21.30 часот, на овие локации, Велес и велешани се вклучија во акцијата против климатските промени и испратија порака за значењето на природата и…

МОТО КЛУБОТ „МОТО ВЕЛЕС“ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ЗА 2020 ГОДИНА

Мото клубот „Мото Велес“ по втор пат е државен првак на ЕНДУРО шампионатот на Македонија за 2020 година. Претседателот на клубот, Сашко Ванов и младиот моторциклист Драган Ванов денеска остварија средба со Градоначалникот Коцевски и му ги презентираа постигнатите резултати и добиени пехари на трката. Во најконкурентната Е1 класа, Драган Ванов ја освои третата шампионска…

ЕДУКАТИВНА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Во организација на Општина Велес денеска се реализираше акција по повод Денот на пролетта и екологијата. Во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг”, ЕД „Грин пауер” и ЕД „Вила зора”, а со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, три тимови составени од претставници на општината, СВР Велес и невладините организаци, делеа…

ПРОМОВИРАНА ПРВАТА КНИГА НА М-Р ТРАЈЧЕ МАЛИНОВ „АЛО ТОНЧОВ-БАРДОТ НА ВЕЛЕШКАТА ЧАЛГИЈА“

Во Големата сала на Општина Велес вчеравечер се одржа промоција на пишаното дело на м-р Трајче Малинов, со наслов „Ало Тончов – Бардот на велешката чалгија“. Во книгата е претставена чалгијата како музички феномен, автохтона за Велес и Македонија од 19 век па сѐ до денес. Покрај општите податоци за чалгијата, во ова стручно книжевно…

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ВЕЛЕС СО НОВ ЛИК

Стадионот „Зоран Паунов“ или попознат како Градски стадион во Велес полека но сигурно добива лик на модерен и современ стадион, изграден по сите меѓународни стандарди. Реконструкцијата на стадионот се реализираше со финансиски средства од Агенцијата за млади и спорт во висина од 12.210.341,00 денари. Градоначалникот Аце Коцевски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт,…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ГРАНТ – ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРА РЕНТГЕН АПАРАТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во официјална посета на Општина Велес денеска беше Н.Е. Хиронори Савада, Амбасадорот на Јапонија во Македонија. Повод за посетата е донацијата на јапонската амбасада во дигитален рентген апарат, наменет за потребите на Општа болница Велес. Градоначалникот Коцевски им посака топло добредојде на амбасадорот и неговата сопруга Г-ѓа Хитоми Савада и срдечно се заблагодари за донацијата.…

НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ СЕ ОДРЖА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВЕЛО КРОС

На Државното првенство Вело крос што се одржа во неделата на Езеро Младост, во категоријата сениори победи велосипедистот Кирил Марковски, во категоријата јуниори најдобар беше Јован Митев, Немања Пауновски беше најдобар од кадетите, во категоријата мастерс најдобар се покажа Љубиша Кондов, додека од категоријата жени со медал се закити Дуња Иванова. Велосипедската трка се одржа…

ТУРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Дваесет и пет члена делегација на Турција предводена од Министерот за земјоделство и шумарство во Владата на Република Турција, Беќир Пакдемирли и Почесниот конзул на Турција во Република Северна Македонија, Абдураи Бајрактар денеска беа во посета на Велес. Гостите заедно со Градоначалникот Коцевски ги посетија најзначајните спомен-обележја поврзани со отоманскиот период во Велес. Најпрво делегацијата…