УЛОГАТА НА ОПШТИНАТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА, ТЕМА НА ДВОДНЕВНА ОБУКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА МЕЃАШИ И КМОП СКОПЈЕ

Општини посветени на децата е темата на дводневната обука што се одржа во хотел Романтик во организација на Прва детска амбасада Меѓаши и Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје. Обуката се реализираше во две групи во кои учествуваа претставници на општина Велес и претставници на образовните институции во градот како и од детската…

81 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

На 14 јануари се навршуваат 81 година од смртта на народниот херој Благој Страчковски. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Страчковски во Младински парк. Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш почнал да…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА, ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР И ООУ РЦ МАЦА ОВЧАРОВА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес  денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им подари новогодишни пакетчиња и им посака безгрижно детство во Новата година. Новогодишни пакетчиња добија и штитениците на Здружението на лица со церебрална парализа, на Дневниот центар и децата во…

НОВОГОДИШЕН ХЕПЕНИНГ- ПРАЗНИЧНА ЕУФОРИЈА

Со милозвучните новогодишни песни во изведба на хористите од хорот Св. Кирил и Методиј, вчера попладне започна четиридневниот новогодишен хепенинг во Младиснки парк во Велес. Во прекрасниот новогодишен амбиент велешани имаа можност да уживаат во неколкучасовната музичка програма што им ја приредија групата  Д’чикс и диџеј Зорбитал. Освен забава посетителите имаа можност да се стоплат…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА

На денешната свеченост по повод Нова Година, Општина Велес ги награди највредните и најуспешните работници за 2023 година. Градоначалникот Колев им посака добро здравје и нови успеси во новата 2024 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Во 2024 година ќе продолжиме со исто темпо на работа и развој…

И ХАРТИЈАТА ИМА ВРЕДНОСТ – РЕЦИКЛИРАЈ ЗА ЗДРАВА ИДНИНА!

Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Новогодишните честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на нашите сограѓани, а сè…

ТРКАЛЕЗНА МАСА: КРЕИРАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНА ЛОКАЛНА СРЕДИНА

Во Општина Велес денеска се одржа тркалезна маса на тема „Креирање инклузивна локална заедница“, како дел од активностите на проектот „Инклузија на деца со  ПОП“, кој го спроведува „Отворете ги прозорците“ со поддршка  на Детската Фондација Песталоци. Четириесетина учесници имаа можност да споделат инклузивни практики, потреби и предизвици со кои секојдневно се соочуваат во работата…

ПОРТРЕТНА ИЗЛОЖБА НА ЃОРЃИ ЗОГРАФСКИ ВО ЛУ НАРОДЕН МУЗЕЈ ВЕЛЕС

Во организација на Општина Велес и ЛУ Народен музеј Велес денеска, во просториите на музејот се одржа изложба на девет портрети од последниот зограф и профан сликар Ѓорѓи Зографски. Изложбата со наслов „Портретното сликарство на Горѓи Зографски“ се реализира по повод 78 годишнината од смртта на зографот. Портретите се во приватна сопственост на членови од…

СКУЛПТУРАТА ВО ЈАВНИОТ ПРОСТОР – ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО РАМКИ НА СКУЛПТОРСКА КОЛОНИЈА 2023

Во рамки на Скулпторската колонија 2023 „Велес отворена галерија“  се одржа панел дискусија на тема „Скулптурата во јавниот простор“. Говорници на панелот беа Ибрахим Беди, Ангел Коруновски, Марјан Стојаноски, Дамјан Ѓуров и Слободан Милошески. Тие дискутираа за обликување на градскиот простор во естетски контекст, скулптурата во комуникација со просторот и публиката како и за естетиката…

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, 5 ДЕКЕМВРИ

Со организирање на интерактивна панел дискусија на тема „Можности за волонтирање преку Програмите на Меѓународните организации”, на која активно учество земаа ученици од општинските средни училишта од градот (претставници на ученичките заедници), претставници на Локалниот младински совет од Општина Велес, волонтери од Младинскиот центар во Велес, како и со претставници на младинските клубови на Здруженијата…