НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2024 ГОДИНА

Во организација на Сојузот на спортови Велес, вчеравечер се одржа традиционалната спортска манифестација на која беа прогласени најуспешните спортисти за 2024 година. Признанија и плакети добија клубови, поединци, тренери, судии, манифестации кои изминатава година постигнаа врвни резултати не само на домашен туку и на меѓународен терен. Титулата најдобар спортист на Велес за 2024 година ја…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА

На денешната Новогодишна свеченост, Општина Велес ги награди најуспешните работници за 2024 година. Од името на градоначалникот Марко Колев, заменик градоначалникот Коста Нојков им посака добро здравје и нови успеси во новата 2025 година. Воедно им ја честита Новата година на сите граѓани на Општина Велес. „Од името на градоначалникот Марко Колев, од името на…

ПОЧНУВА НОВОГОДИШНАТА БАЈКА ВО ВЕЛЕС

Почнува зимската бајка во Младински парк во Велес. Годинава, пет дена, од 25 до 30 декември, велешани ќе имаат можност да уживаат во предновогодишната забава насловена „Винтерфест Велес“. Бројни забавувачи, пеачи, групи, маскоти, со својот репертоар ќе се потрудат да ги развеселат последните денови од годината. На радост на најмладите, Општина Велес се погрижи да…

НОВ УЧИЛИШЕН ИНВЕНТАР ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ И ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Децата од основните училишта „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ добија нов училишен инвентар. Набавени се 544 училишни клупи, 1056 столчиња и друг дополнителен инвентар со цел да се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовниот процес. Вкупната вредност на инвестицијата е околу четири милиони денари. Општина Велес продолжува со инвестиции во образовнието во градот.  

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ

На 15 декември се навршуваат 203 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов – Џинот. По тој повод делегации на Општина Велес и на театарот што го носи неговото име, положија свежо цвеќе на гробот во црквата Св. Спас. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од…

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ЕМОЦИОНАЛНО НАСИЛСТВО И КАКО ДА ГО НАДМИНЕМЕ“ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во организација на Советот за превенција од детско претстапништво при Општина Велес денеска во Европска куќа се одржа работилница на тема „Емоционално насилство и како да го надминеме“. На работилницата учествуваа ученици од основните училишта во Велес, а со нив работеа професорките по психологија и педагогија Ванѓелица Гаврилова и Ѓорѓина Ќимова. Преку игра и на…

МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ – ОБЕДИНЕТИ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА

Со панел дискусија за насилството врз жената и девојчињата, во организација на Организација на жени на Општина Велес и Комисијата за еднакви можности при Совет на Општина Велес, вчеравечер во Европска куќа се одбележа Меѓународната кампања „16 дена активизам – Обединети против насилството врз жените и девојчињата“. На панел дискусијата свое излагање имаа советнички од…

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ТЕМА НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДЕТСКО ПРЕТСТАПНИШТВО

Општинскиот Совет за превенција од детско претставништво денеска ја одржа својата редовна седница на која се дискутираше за активностите во рамки на програмата чија цел е спречување на деструктивен облик на однесување на децата. Акцент на седницата се стави на врсничкото насилство кое сè почесто се јавува меѓу децата во училиштата. Потоа се разговараше и…

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ „АМАНЕТ ОД ПРЕДЦИТЕ“ НА ВИС АМАНЕТ

Со поддршка на Општина Велес, вокално инструменталниот состав „Аманет“  на 27 ноември 2024 година (среда), во Големата сала на Општина Велес, со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт на традиционална македонска музика насловен како „Аманет од предците“. Општина Велес ве поканува да ја проследите промоцијата на новиот албум на ВИС Аманет и да бидете…

85 ГОДИНИ ОД „БЕЛИ МУГРИ“ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО САМОБОР

Годинава се одбележа 85 годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на безвремениот Коста Солев Рацин. Меѓу Македонците кои ја продолжија традицијата на чествување на ликот и делото на Рацин, со културната манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“, во Самобор Хрватска, беше и делегација на Општина Велес составена од тројца советници и заменик градоначалникот Коста…