ОДБЕЛЕЖАН 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Општина Велес го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавни институции, здруженија на граѓани и политички партии денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на Велес. 23 Октомври е историски ден силно врежан во колективната…

МЛАДИТЕ ГО ЗАПОЗНАА АЛЗАС

Во организација на Општина Велес и Младинскиот центар, на 21 октомври годинава учениците од средните училишта и професорите по француски јазик се сретнаа со претставници на асоцијацијата АЛМА – Алзас. На средбата со Жак Шлеф, претседател на АЛМА и Пјер Жошем, експерт за туризам, младите од Велес имаа можност да се запознаат со историјата, културата,…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ „ReLOaD2”

Општина Велес организираше Јавна расправа со претставници на Здруженија на граѓани за проектот „ReLOaD2” – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија со цел утврдување на приоритетните области на општината за 2023 година. Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022

Последниот ден, 22 септември, меѓународниот Ден без автомобили, оваа година беше одбележан во соработка со амбасади од повеќе држави, меѓународни организации и Здруженија на граѓани од Велес каде на затворената улица “Никола Карев”велешани од сите возрасни генерации имаа можност да спортуваат, да возат велосипеди, електрични мопеди, да играат друштвени игри и да се рекреираат споделувајќи…

ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ И ВЕЛОСИПЕДИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2022

Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2022. Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст дека возењето велосипед и спортувањето влијаат позитивно на нивното здравје и на заштита на животната околина се две одлични причини да…

„МОЈАТА ПРИКАЗНА” – СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, денес во Младинскиот центар во Велес се одржа работилница на тема „Мојата приказна” – споделување лични искуства на лица со попреченост и грижата на заедницата за истите. На работилницата, се разговараше за предизвиците со кои лицата со попреченост и сите останати жители се соочуваат при…

МЛАДИТЕ И ПРАВИЛАТА НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, денес во Младинскиот центар во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Пешаци и велосипедисти во сообраќајот“ со цел запознавање на присутните ученици со правилата на однесувaње во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата…

ИЗВИДНИЧКА ТУРА ОД ВЕЛЕС ДО ВРШНИК

Општина Велес во соработка со ИО „Димитар Влахов”, Велес денес организираше пешачка рекреативна тура до врвот Вршник во близината на Велес. Извидниците и рекреативци пешачеа  од центарот на градот до врвот Вршник и назад, во вкупна должина од 5 км, со што дадоа акцент на здравиот живот. Истовремено беа поставени и информативни табли со еколошки…

ПРЕКУ ИГРА И ЗАБАВА ДО МОБИЛНОСТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, денес во Младинскиот центар во Велес се одржа едукативна работилница – интерактивен квиз на тема „Нивниот збор наша мотивација“. Преку промовирање на велосипедот како алтернативно превозно средство, а со тоа и мотивирање на младите за водење на здрав начин на живот и заштита на животната…

ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ЗАПОЧНА!

Преку креативно – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го одбележавме почетокот на Европската недела на мобилност која ќе трае до 22 Септември. Најмладите уживаа во активностите изведени во соработка со Спортската академија “Јуниор” од Велес во Pump track и на игралиштето во Градскиот парк. Другаруваме и спортуваме, за здрави деца и здрава…