НОВОГОДИШНА ДРУЖБА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Општина Велес денес организираше новогодишно дружење за околу 120 деца и лица со попречености од Дневниот центар во Велес, учениците од Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова”, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, како и за деца без родители и родителска грижа. Во просториите на Општина Велес тие имаа можност да ја…

Новогодишна свеченост на Општина Велес – наградени најуспешните

Општина Велес денес ја организираше традиционалната Новогодишна свеченост, на која беа презентирани подвизите и успесите и беа наградени најуспешните поединци за 2019 година. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во своето новогодишно обраќање даде осврт на сработеното во текот на 2019 година и ги презентираше плановите за работата на општината за следната, 2020 година. „Општина…

РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО – 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство, Организацијата на жените на Општина Велес, денес  организираше настан на тема „Заштита, реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство низ системот на социјални услуги во локалната заедница”. Настанот има за цел да ја истакне неопходната потреба за континуирано делување и преземање конкретни…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ОДГОВОРНА И ДОСТАПНА ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со својата транспарентност и отчетност во работењето на Советот на Општина Велес, како и директниот пренос на седниците на социјалните мрежи, но и навременото објавување на информациите на интернет страницата, Општина Велес беше посочена како позитивен пример која се вбројува во редот на одговорни и достапни општини за жителите на Општина Велес. Овие примери беа…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА РАЦИН – РАЦИНОВИ ДАМАРИ

По повод 22 декември, одбележувањето на 111-годишнината од раѓањето на великанот Коста Солев Рацин и одбележувањето на 80-годишнината од излегувањето од печат на легендарната стихозбирка „Бели мугри”, денес во просториите на Општина Велес беше организирана свечена вечер под наслов „Чествување на Рацин – Рацинови дамари”. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски,…

ПРОМОВИРАНИ ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО КНИГИ ВО ВЕЛЕС

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денес беа промовирани четири нови аудио книги. На денешната промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“, поддржана од Министерството за култура, а во соработка со Здружението на слепите лица на Општина Велес, ги претстави четирите нови наслови на аудио книгите:…

ВЕЛО-КРОС ТРКА ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Купот на Македонија, денес во кругот на ССОУ „Коле Неделковски” се одржа велосипедска трка Вело – крос. Ова е прва трка годинава, со што беше означена новата сезона 2019/2020.Седумедесетина велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело – крос трката. Во соработка со Општина Велес, спортскиот настан беше…

80 ГОДИНИ „БЕЛИ МУГРИ”

По повод 80 години од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес, организираше поетско чествување. Пред присутните љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на Рацин, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор…

ВО ВЕЛЕС -ПРВАТА ДОБРО ОПРЕМЕНА ДЕТСКА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ

Во рамки на активностите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, вечерва во фоајето на НУЦК Театар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” беше промовирана книгата “100 години од првата детска болница во Велес” од истакнатиот новинар, публицист, романописец и истражувач, Јосиф Џочков. Имено,точно пред 100 години во далечната 1919 година, во периодот…