Дебата за зајакнување на новинарството на локално ниво

Дали новинарството во внатрешноста изумира? На ова прашање денес се обидоа да дадат одговор новинарите од повеќе печатени и електронски медиуми кои дебатираа на оваа тема во просториите на Општина Велес. На дебатата на која присустуваше и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски се бараа решенија како да се обноват медиумите на локално ниво а…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ВЕЛЕС

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес беше во посета на Општина Велес која е првата општина во која Пендаровски го започнува проектот „Лице во лице со претседателот“. Според утврдената агенда, претседателот Пендаровски го посети опожареното подрачје на езерото „Младост”, каде заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, претставници од Советот на Општина…

ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО ВЕЛЕС

Денес немаше место за автомобилите во центарот на градот. Наместо автомобили, денес велешани можеа да возат велосипеди, ролери и скироли, но и слободно да пешачат по главната улица во центарот на градот. Со затворањето на дел од улицата „8 Септември”, Општина Велес го одбележа Денот без автомобили. Во рамки на проектот R2M – „Ready to…

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Едукативно – интерактивни работилници за деца, промотивни и постојани, иновативни и современи сообраќајни решенија на пешачките премини, училиште за велосипеди на отворено, промовирање на пешачка патека, организирање на ноќно возење до езеро Младост, официјално презентирање на Планот за одржлива урбана мобилност (ПОУМ) и означување на Денот без автомобили се дел од активностите кои градоначалникот Коцевски …

ВЕЧЕР ВО ЗНАКОТ НА ВЕЛЕШКАТА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА

„Дрво јаворово”, „Мара Акчиева” и многу други староградски песни беа дел од годинешната единаесетта по ред „Вечер на староградски песни” која традиционално ја организира ансамблот на староградски песни „Распеани велешани”. Настанот е организиран во чест на празнувањето на 8 Септември, Денот на независноста.Магијата на звуците од препознатливите велешки староградски песни во Младинскиот парк, вечерва ја…

Отворена изложбата „Божествен премин” од Новица Трајковски

Во ликовниот салон во Велес, во текот на вчерашниот ден беше отворена изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Општина Илинден, насловена „Божествен премин”, која градоначалникот Коцевски ја прогласи за отворена. „На триесет дела, масло на платно се претставени сцени од убавините на македонските стари градби и неимарството на нашите стари мајстори, кои…

Езеро „Младост“ во знакот на кајакот на мирни води

Езерото „Младост“ оваа недела беше местото каде љубителите на кајакарскиот спорт уживаа во натпреварите на Државното првенство во кајак на мирни води а воедно и ревијалните трки од регатата „Младост“,чиј покровител е Општина Велес. Велешкото езеро, според познавачите на кајакарството, е едно од ретките места во државата кое има голем потенцијал за развој на оваа…

Игнатов најдобар на денешниот кајак слалом на диви води

И овој викенд во водите на Вардар се одржа кајак натпреварување кое е под покровителство на Кајакарската федерација. Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес како домаќин по 7 –ми пат го организираше Кајак слаломот на диви води Отворено првенство на Македонија „Велес 2019“ 🚣‍♀ 🎖Со резултат од 79, 26 секунди Христијан Игнатов постигна најдобро време на денешниот…

Промовирани делата на велешките автори

Промоција на творештвото и издаваштвото на членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, денес се одржа во градската библиотека „Гоце Делчев”.Во рамките на денешниот настан кој е поддржан од Општина Велес се промовираа сите дела кои клубот ги има издадено во последните пет години, а беше претсавено и творештвото на членовите на…