Детската креативност – за чиста животна средина и одржлива мобилност

Во локалната библиотека денес се одржа настан на кој беа доделени награди на учениците чиишто ликовни и литературни творби беа избрани по повод Европската недела на мобилност 2026. Преку своите цртежи и творечки вештини, најмладите испратија прекрасни пораки за почист, побезбеден и поубав свет, со повеќе движење и грижа за животната средина. Честитки до сите…

СТАРТУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Со многу детска енергија, насмевки и спортски активности, денеска во Велес започна Европската недела на мобилност. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“, најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ уживаа во спортски активности и дружење, испраќајќи убава порака за значењето на движењето, здравите навики и активното детство. Европската недела на мобилност е кампања која треба да не…

ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ 2026“

На мала сцена на велешки театар вчеравечер се одигра претставата „Бегалка“ во изведба на Народниот театар од Струмица со што официјално започна 23. издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. Вечерва, 16 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра претставата „Претходно“ на театар од Сицилија, Италија.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМЕН И ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ВРЕМЕ НА ПИТИЈАДА 2026

Општина Велес упатува јавен повик до сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да ги презентираат своите производи, услуги или брендови преку поставување на рекламен и промотивен материјал во рамки на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино – Питијада 2026“, која ќе се одржи на 9, 10 и 11 октомври 2026 година.…

ИФАД „СТОБИ“ ОД 15 ДО 24 СЕПТЕМВРИ

Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ ќе се одржи по 23 пат во Велес. Од 15 до 24 септември љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат интересни антички драми на театри од Македонија, Србија и Италија. Фестивалот стартува со претставата „Бегалка“ во изведба на струмички театар, потоа следува претставата „Претходно“ на театар од…

ВЕЛЕС ПОВТОРНО НА АТЛЕТСКАТА МАПА НА МАКЕДОНИЈА

Викендов во Велес се одржа Купот на Македонија за младинци и младинки. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“ младите атлетичари се натпреваруваа во повеќе дисциплини во машка и женска конкуренција, а на оние со најдобри постигнати резултати им беа доделени награди. Општина Велес упатува честитки до победниците но и до сите учесници кои изминатите два дена…

ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ПОДЗЕМНАТА КАТНА ГАРАЖА ВО ВЕЛЕС

Вчера во Велес се поставен камен-темелникот на подземната катна гаража, со што започна изградбата на овој значаен инфраструктурен проект со кој ќе се создадат 100  паркинг-места,  и над кој ќе биде изграден современ градски плоштад. На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов и градоначалникот…

КУП НА МЛАДИНЦИ И МЛАДИНКИ ВО АТЛЕТИКА ВИКЕНДОВ НА ГРАДСКИ СТАДИОН

По успешно одржаниот Куп на Македонија за пионери изминатиот викенд, овој викенд, на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, ќе се одржи Купот на Македонија за младинци и младинки на кој млади атлетичари ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Натпреварите ќе се одржат сабота и недела (12 и 13 септември) и тоа во сабота од…

МЛАДИ АТЛЕТИЧАРИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА НА ГРАДСКИ СТАДИОН

Атлетскиот натпревар за млади атлетичари се одржа на 6 септември 2026 година (недела) со почеток во 16:30 часот на реконструираната атлетска патека на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес. Младите атлетичари се натпреваруваа во повеќе дисциплинии категории, во машка и женска конкуренција, покажувајќи спортски дух и борбеност. Ова натпреварување означи враќање на атлетските настани на…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Со положување свежо цвеќе пред спомен бистите на патронот чие име го носи велешката касарна од страна на градоначалникот Марко Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски како и од страна на припадници на армијата, денеска се одбележа 65 годишнината од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската…