ПРОМОВИРАНИ ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО КНИГИ ВО ВЕЛЕС

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денес беа промовирани четири нови аудио книги. На денешната промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“, поддржана од Министерството за култура, а во соработка со Здружението на слепите лица на Општина Велес, ги претстави четирите нови наслови на аудио книгите:…

ВЕЛО-КРОС ТРКА ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Купот на Македонија, денес во кругот на ССОУ „Коле Неделковски” се одржа велосипедска трка Вело – крос. Ова е прва трка годинава, со што беше означена новата сезона 2019/2020.Седумедесетина велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело – крос трката. Во соработка со Општина Велес, спортскиот настан беше…

80 ГОДИНИ „БЕЛИ МУГРИ”

По повод 80 години од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес, организираше поетско чествување. Пред присутните љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на Рацин, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор…

ВО ВЕЛЕС -ПРВАТА ДОБРО ОПРЕМЕНА ДЕТСКА БОЛНИЦА НА БАЛКАНОТ

Во рамки на активностите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, вечерва во фоајето на НУЦК Театар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” беше промовирана книгата “100 години од првата детска болница во Велес” од истакнатиот новинар, публицист, романописец и истражувач, Јосиф Џочков. Имено,точно пред 100 години во далечната 1919 година, во периодот…

ВЕЛЕС ГО ПРАЗНУВА ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА

Вечерва во НУЦК „Ј.Х.К.- Џинот“ во рамките на Свечената академија велешани ги слушнаа имињата на добитниците на Деветтоноемвриските награди.„Нашата саможртва е вградена во темелите на македонската држава.Секогаш може повеќе и подобро.Тоа е девизата и мотивацијата што не поттикнува неуморно да работиме за Велес и за благодетта на сите наши сограѓанки и сограѓани.Апелирам сите заедно да…

ВОЈКО ЈАНЕВСКИ – 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО

Во рамки на деновите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес вечерва беше одбележан пеесет годишниот јубилеј од творештвото на академскиот вајар, реномираниот велешанец, Војко Јаневски. На ликовната изложба беа изложени 45 слики изработени во разни техники, цртеж со туш, цртеж со бајц, масло на платно, акварел и во комбинирана техника, шест…

75 ГОДИНИ – СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

По повод 9. Ноември, Денот на Општина Велес, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска традиционално организираше прием за делегација на Општинската Организација на Сојузот на борците. Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите велешанки и велешани, градоначалникот Коцевски им упати благодарност за нивниот голем придонес…

ДОДЕЛЕНА АКТЕРСКАТА НАГРАДА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ ЗА 2019 ГОДИНА

Вечерва во НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ на реномираниот македонски актер и режисер Диме Илиев свечено му беше доделена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Престижната награда му ја додели градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. За импозантната театарска, телевизиска и филмска кариера на Илиев, за големиот број одиграни улоги и добиените…

Инклузивни партнерства во општините

Инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата/младите со попреченост беше во фокусот на денешната средба што Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија ја презентираше во рамки на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“.Проектот е финансиран од Европската Унија и се спроведува од…