Со прием на делегација на Сојузот на борци од НОВ и АФВ во кабинетот на градоначалникот Марко Колев денеска продолжи чествувањеот на најголемиот празник на Велес, 9 Ноември. На средбата се разговараше за придобивките од повоениот период и за развојот и просперитетот на градот.

По повод 79 годишнината од ослободувањето на градот, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Колев како и делегации на АРМ, Здруженија на граѓани, политички партии, јавни институции положија свежо цвеќе пред бистите на народните херои  од НОВ во Младински парк и на паметникот на паднатите борци во Спомен костурницата и им оддадоа почит на сите борци кои ги положија своите животи за слободен Велес.

Свечената церемонија започна со интонирање на македонската химна и химната на Општина Велес во изведба на Орхидеја Дукова и Сашко Костов.