ЗАПОЧНУВА СЕДМАТА СТРИП КОЛОНИЈА ВО КУЌАТА НА КАСАПОВИ

Вчеравечер во Europe House беше отворен 23. Меѓународен салон на стрип „Велес 2026“, во организација на Стрип центарот на Македонија. Посетителите имаа можност да ги видат дел од изложените стрипови, а беа прогласени и најдобрите автори од годинешниот меѓународен конкурс. Годинава се доделија и три специјални награди за млади автори во соработка со Европската куќа.…

МОТО НАСТАНИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Изминатите два дена на паркингот кај СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ се одржа мото настан во организација на Мото клубот „Носачи на крстот МК“. Над 200 моптоциклисти од цела Македонија учествуваа на настанот и приредија вистинско доживување на поддржувачите на мото културата. На Гимкана и Спора трка се натпреваруваа педесет учесници кои со својата умешност и…

БАЛЕРИНИТЕ ОД БС АНАБЕЛА ТАНЦУВАА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Во рамки на „Велешко лето 2026“ вчеравечер на сцената на Афитеатар во Младински парк балерините од балетско студио Анабела приредија вистинско уживање за многубројната публика. Танцуваа, другаруваа и пренесоа одлична енергија, а публиката како и секогаш ги награди со силен аплауз и овации. Нашите големи и мали танцови амбасадори уште еднаш блеснаа на сцената.  

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АРМИЈАТА, 18 АВГУСТ

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ денеска се одбележа Денот на Армијата, 18 Август. На свеченоста по повод одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Марко Колев. Овој ден е можност да им  се оддаде признание на сите кои со чест, храброст, професионалност и посветеност ја исполнуваат својата должност и придонесуваат за безбедноста, стабилноста и мирот на земјата Нека…

ВИКЕНД ИСПОЛНЕТ СО СПОРТ И МУЗИКА – ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Викендот во Велес беше исполнет со бројуни активносто за сечиј вкус. На памп тракот во Градски парк се одржа велосипедска акција со Pump Track Trail Race, во организација на Македонската асоцијација на аматерски велосипедиски здруженија и клубови од Велес. Натпреварувачите си ги измерија своите сили и вештини во повеќе категории а најдобрите заслужено добија медали…

„КНИГА ВО ЛЕТО“ – КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА

Во рамки на програмата на Велешко лето 2026 вчеравечер на игралиштето во Дворови се одржа креативна работилница „Книга во лето“ во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес. Најмладите наши сограѓани имаа можност да ја изразат својата креативност  и изработија уникатни букмаркери, меѓусебно се дружеа и се забавуваа. Работилницата ја надополни и омилената маскота Руми.…

КАРАВАНОТ СО МУЗИЧКО СЦЕНСКИ СПЕКТАКЛ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН“ ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕС

Караванот „Силно светнал ден“ доаѓа во Велес. Вечерва во паркот пред  Општина Велес ќе се случи музичко сценски спекаткл, кој преку музика, глума и танц на македонски уметници ќе нé потсети на изминатите 35 години, од моментот на осамостојувањето на Македонија, на најзначајните настани од поновата историја на земјата, на сите предизвици, успеси и достигнувања…

КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Вчеравечер во Европска куќа се прикажа краткометражниот филм со наслов „Поинакви“. Централен лик во филмот е Јордан кој низ својата животна приказна присутните ги запозна со светот на лицата со аутизам, нивните секојдневни предизвици, но и талентот, искреноста, љубовта и животната радост што ја носат во себе. Филмот испрати силна порака дека различностите не треба…

ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВАШЕ СВОЈОТ ПАТРОН СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН

Викендов Велес го чествуваше својот патрон и заштитник Св. Великомаченик Пантелејмон. Празнувањето на светецот започна со вечерна богослужба во Соборниот храм што го носи неговото име, каде пред присутните граѓани се обрати градоначалникот на Општина Велес Марко Колев. Празничната програма беше надополнета со музички колаж во изведба на Јована Богдановска и нејзиниот бенд. Чествувањето на…

„ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026“ ВО ПОЛН ЕК

Музичко-поетски перформанс со наслов „Езра“ се одржа вчеравечер во Младински парк во рамки на „Велешко лето 2026“. Публиката имаше можност преку библиски мотиви да доживее силен уметнички израз кој поттикнува на инспирација и длабоко размислување. Програмата на Велешко лето продолжува вечерва со проекција на филмот „Култни кадри – филмови што го обликуваат духот на уметноста“…