ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА „100 ГОДИНИ ВЕЛЕС-ИСТОРИЈА НА ПОШТЕНСКИ КАРТИЧКИ“

Во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Велес, 9 Ноември, вчеравечер во Ликовниот салон се одржа промоција на монографијата „100 години Велес-историја на поштенски картички“. Автори на книгата се филателистите и колекционерите Виктор Габер и Зоран Стрезовски. Во монографијата се прикажани 450 поштенски картички – разгледници со кои хронолошки се презентираат историските збиднувања во…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ ЃОРЕВ

Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Благој Ѓорев. Денеска се навршуваат 81 години од загинувањето на македонскиот комунист и учесник во НОБ. Благој Ѓорев бил член на СКОЈ и на Комунистичката партија. Како младински и партиски активист бил еден од првите борци на Велешкиот партизански…

43 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БАНЕ АНДРЕЕВ РОНКАТА

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Бане Андреев Ронката во неговата родна куќа, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Бане Андреев Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар. Свежо цвеќе положија претставници на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август…

ОКТОМВРИ-МЕСЕЦ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Алармантни се бројките на заболени жени од рак на дојка во Велес и велешко. Во првото полугодие од годинава регистрирани се 292 жени со овој тип на канцер. Во 2022 биле регистрирани 423 жени заболени од рак на дојка, во 2021- 368, а во 2020 година 365 жени. Овие податоци беа изнесени на вчерашната трибина…

MЛАДИНСКО УЧЕСТВО ВО ПОЛИТИКИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА: ДЕТЕКТИРАЊЕ ЕКО-ПРОБЛЕМИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Во просториите на Европска куќа Велес, денес се одржа промотивен настан во чијшто рамки се одржа и Работилница за млади, на која младите од Велес имаа можност да дебатираат и да донесат Заклучок, односно да детектираат еко проблем на локално ниво поврзан со климатските промени. Овој настан е дел од проект на Агенцијата за млади…

УСПЕШНО ЗАВРШИ ФЕСТИВАЛОТ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО – ПИТИЈАДА 2023

Успешно заврши уште една гастрономска љубовна приказна. Традиционалниот фестивал на велешка пита и вино Питијада 2023 го оправда своето долгогодишно постоење. На едно место собра илјадници граѓани од сите краишта на Македонија кои изминативе три дена уживаа во добра музика, неодоливиот вкус на најпознатиот велешки специјалитет и квалитетно вино од велешките винарии. Граѓаните имаа можност…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИТЕ ИЛИНДЕНЦИ ТОДОР ХРИСТОВ ОФИЦЕРЧЕТО И ЈОВАН НАУМОВ АЛАБАКОТ

Со положување на свежо цвеќе на споменикот на велешките Илинденци, во центарот на градот, денеска се одбележа 119 годишнината од загинување на Тодор Христов Офицерчето и 115 годишнината од загинувањето на Јован Наумов Алабакот. Делегација на Општина Велес оддаде почит на војводите кои ги жртвуваа своите животи за слободна Македонија. Тодор Христов Офицерчето е воен…

ВЕЛЕС ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА!

Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2023“ од 6 до 8 октомври во Велес ќе донесе бројни музички имиња од Македонија, нудејќи програма за сите генерации. Петок, 6 октомври, отворање со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” и сечење на џиновската пита, а вечерта: 1. 5+ Бенд 2. Ефто Пупиновски 3. Пајак и Лара 4.…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со организирана рекреативна пешачка и велосипедска тура (off road патека) до врвот „Вршник” во Велес, беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември 2023 година На настанот, кој беше од отворен карактер, сите заинтересирани жители на Општина Велес, вљубеници во пешачењето и планинарењето, ученици од општинските средни училишта, Здруженија на граѓани, но и претставници на…

ПРЕДАДЕНИ ДОНАЦИИТЕ ВО РАМКИ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2023

Со примопредавање на донации од пилатес топки со соодветни подлоги за вежбање, велосипеди за деца, топки за разни спортови, спортски реквизити, маички, освежителни пијалоци и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро”…