УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ИЗРАБОТЕНИ ОД ОРИЗОВИ ЗРНА ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ВЕЛЕШАНИ

Во Ликовниот салон во Велес, вечерва во рамки на програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” беше отворена изложбата „Сè што не ти кажав” на дела во мозаична техника изработени од Снежана Лазарова – Луна, самоук, слободен уметник, наивец, која десетина години создава уникатни дела – слики изработени со…

ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ ОДБЕЛЕЖАН СО КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА

Младите велешки музички таленти Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костовски и Даниела Теова вечерва одржаа концерт на класична музика во рамки на програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Пред присутните љубители на класичната музика учесниците на вечерашниот концерт, кои се.ученици во класата на професорите Габриела Бачманова и Илија…

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ВО ГРАДИНАТА ИМА САМО ЉУБОВ“ ОД ФИЛИП ДИМКОСКИ

Во парковската површина на ООУ „Васил Главинов”, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” каде се одржа промоција на поетската книга „Во градината има само љубов“ од авторот Филип Димкоски. Преку уметнички перформанс, кој на поразличен начин ја донесува поезијата до читателите беше промовирана оваа поетска збирка создавана четири години, а истата содржи песни поделени во неколку циклуси со заеднички мотив, љубов во…

ЗАПОЧНА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Со целовечерен концерт на балетското студио „Анабела” кој се одржа на отворениот амфитеатар во Младинскиот парк, вечерва започна Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Со овој јубилеен концерт балетското студио „Анабела” одбележа 25 години од своето постоење. Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, ќе…

Велешко културно лето

ВАЖНО!!! Согласно објавените протоколи,бројот на публиката е ограничен и задолжително е почитувањето на препорачаните мерки за превенција и заштита од Ковид-19: носење заштитни маски, мерење телесна температура, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција.   Датум Настапуваат Локација Почеток 29.07.2020, среда Јубилеен концерт 25 години балетско студио „АНАБЕЛА“ Амфитеатар, Младински парк…

НАЈДОБРАТА ЕНДУРО ПАТЕКА Е ВО ВЕЛЕС  – СЕ ОДРЖА ЕНДУРО 2020

Во организација на Мото клубот „Мото Велес”, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес денес беше организирана првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година. Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина се одржа на веќе познатата локација на велешкото езеро „Младост”, но поради актуелната ситуација со пандемијата Ковид-19, трката се одржа без присуство на публика, притоа следејќи…

СТАРТУВА ИПА 2020 – НОВА ЕУ ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНИТЕ

Денес во Општина Велес беше презентирана новата  Програма  на ЕУ за подготвителни активности за ИПА 2020 – Програма за поддршка на општините. Програмата ја презентираа Клаус Рихтер, тим лидер на проектот и Бардил Марку, клучен експерт за обука. На средбата со градоначалникот Аце Коцевски што ѝ претходеше на јавната презентација, Рихтер и Марку ги образложија…

НАСКОРО МЕЃУНАРОДЕН ММА ТУРНИР ВО ВЕЛЕС

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес оствари работна средба со Валдет Бајрами, претседател и Томислав Белиќ, заменик претседател на „Волвс Арена“ на која разговараа за одржување на ММА турнир во Велес. За првпат во Велес, на 15 март (недела) 2020 година, во спортската сала „Гемиџии”,  ќе се одржи Меѓународен турнир во мешани боречки спортови…

НОВОГОДИШНО – БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕС

Традиционални божиќни песни, на повеќе светски јазици, беа дел од репертоарот на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” кој вечерва настапи на новогодишно-божиќниот концерт што го организираше Општина Велес. Пред велешката публика, во просториите на Општина Велес, свој перформанс на овој веќе традиционален настан имаше и балетското студио „Анабела”. Впечатливите настапи на реномираните и во…

НОВОГОДИШНА ДРУЖБА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Општина Велес денес организираше новогодишно дружење за околу 120 деца и лица со попречености од Дневниот центар во Велес, учениците од Посебното Основно Училиште „Маца Овчарова”, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, како и за деца без родители и родителска грижа. Во просториите на Општина Велес тие имаа можност да ја…