ВЕНДИНГ МАШИНИ – ЗЕЛЕНИ ПОЕНИ ЗА ПАЗАРЕЊЕ ВО МАРКЕТИ

Покрај веќе поставената повратна машина во ”КАМ МАРКЕТ” во трговски центар ‘ПЕРОН”, поставени се уште две повратни вендинг машини за рециклирање на ПЕТ и алуминиумска амбалажа во два Жито Маркета во Велес на следниве локации, -маркет Жито Ване во Нова населба на ул.Благој Ѓорев  бр.166А -маркет Жито кај Градскиот пазар на ул.Димитар Влахов бр.1 Преку…

Детската креативност – за чиста животна средина и одржлива мобилност

Во локалната библиотека денес се одржа настан на кој беа доделени награди на учениците чиишто ликовни и литературни творби беа избрани по повод Европската недела на мобилност 2026. Преку своите цртежи и творечки вештини, најмладите испратија прекрасни пораки за почист, побезбеден и поубав свет, со повеќе движење и грижа за животната средина. Честитки до сите…

Европска недела на мобилност 2026

Општина Велес се приклучува кон Европската недела на мобилност – иницијатива што нè потсетува дека начинот на кој се движиме има големо значење за квалитетот на животот во нашиот град. Во текот на оваа недела, во период од 16 до 22 Септември,  ќе промовираме пешачење, велосипедизам, едукативни средби, се’ со цел да придонесеме за почист…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“

Општина Велес традиционално ја организира Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“, со цел презентација и промоција на велешката пита пастрмајлија, виното и производите на учесниците од угостителскиот, пекарскиот и винарскиот сектор. Манифестацијата е од изложбен и продажен карактер и има за цел поголема афирмација на препознатливиот велешки специјалитет, поддршка на локалните…

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2027 ГОДИНА

Општина Велес ги известува здруженијата на граѓани, спортски клубови, невладини организации, урбани заедници, месни заедници и други организации, како и сите заинтересирани правни и физички лица, дека започнува постапката за доставување Барања за финансиска поддршка од Буџетот на Општина Велес за 2027 година.   Барањата се доставуваат за потребите на подготовката на предлог-програмите и Предлог-буџетот на Општина Велес…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА БАЗАР НА ПРОИЗВОДИ ОД РАЧНА ИЗРАБОТКА

Општина Велес упатува јавен повик до сите заинтересирани физички и правни лица кои изработуваат ракотворби и рачно изработени производи да бидат дел од Базарот на рачно изработени производи, кој ќе се одржи во рамки на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино – Питијада 2026“, на 9, 10 и 11 октомври 2026 година. За…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМЕН И ПРОМОТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ВРЕМЕ НА ПИТИЈАДА 2026

Општина Велес упатува јавен повик до сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да ги презентираат своите производи, услуги или брендови преку поставување на рекламен и промотивен материјал во рамки на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино – Питијада 2026“, која ќе се одржи на 9, 10 и 11 октомври 2026 година.…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВОНРЕДНА АДУЛТИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО С. КУМАРИНО

Согласно насоките од  Центарот за јавно здравје – Велес, Општина Велес, ја информира јавноста дека, на ден 14 септември 2026 година (понеделник)  во перод од 20:00 до 24:00ч. ќе спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во с. Кумарино.   Оваа активност претставува вонредна мерка за вонредно прскање против комарци која се реализира врз основа…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност, Општина Велес ја информира јавноста дека,  второто третирање против ларви од комарци ќе го изврши на ден…

ИЗВЕСТУВАЊЕ  ЗА ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа во насока на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на територијата на корисничките Енерго Центри, на 27 август 2026 година, во периодот од 08:55 до 11:00 часот, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации во Општина Велес. Повеќе информации за локациите без електрична енергија на…