АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се градежни активности за реконструкција на коловозот од влезот до сред село. Градежната механизација е на терен, денеска и утре ќе се поставува прв слој асфалт, по што ќе следи и втор, финален асфалтен слој. Реконструкцијата на улицата во село Иванковци е дел од проектите што Општина Велес ги реализира во соработка со…

НОВ СЕМАФОР ВО СПОРТСКАТА САЛА „ГЕМИЏИИ“

Спортската сала „Гемиџии“ доби нов современ лед семафор на кој ќе се следи кој поентирал и ќе може да се води записник, додека статистиката може да се внесе и во директниот пренос од натпреварот. Софтверот кој е изработен од автор од Бања Лука е повеќекратно наградуван во различни земји во периодот од 2022 до 2025…

АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА Е ПОДГОТВЕНА ЗА НОВАТА ТАРТАН ПОДЛОГА

По завршените подготвителни зафати и асфалтирање атлетската патека на Градски стадион е подготвена за постилање на новата тартан подлога. Со стабилизирање на временските услови целосно ќе биде завршена реконструкцијата на атлетската патека. Реконструкцијата на атлетската патека се реализира во соработка со Министертсвото за спорт и е значајна инвестиција за развој на спортот и здравјето на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Се реконструира водоводната мрежа на улица „11 Октомври“. Во тек е промената на старата и дотрајана водоводна мрежа со нова. По завршувањето на санирањето ќе започне целосна реконструкција на улицата како дел од проектите кои Општина Велес ги реализира во соработка со Министертсвото за транспорт и Владата на Република Македонија.  

ОТВОРЕНИ ПРИЈАВИТЕ ЗА ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи на 31 мај, годинава. Веќе се отворени пријавите за петтото издание на трката и граѓаните можат да се пријават на линкот подолу во објавата, најдоцна до 25 мај 2026 година. И годинава, учесниците ќе трчаат на пет и…

СЕ РЕКОНСТРУИРА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА ГРАДСКИ СТАДИОН ВО ВЕЛЕС

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Марко Колев денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на тартан подлогата на атлетската патека на Градскиот стадион во Велес. „Многу е важно атлетиката да ја подигнеме на едно повисоко ниво затоа што атлетиката е кралица на сите спортови. Само со инвестирање во спортската инфраструктура можеме да…

„ТВОИТЕ ПРАВА, НАШ ПРИОРИТЕТ“ –ПОСЕТЕТЕ ЈА ОТВОРЕНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес ја информира јавноста дека се отвори Канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите, со цел обезбедување поголема заштита, информираност и поддршка за сите граѓани во остварувањето на нивните здравствени права. Канцеларијата ќе функционира како советодавно и информативно тело, каде пациентите ќе можат да добијат насоки, правна и административна помош, како и…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат грѓаните на Општина Велес, дека од  денеска, среда (15 април 2026),  ќе започнат градежни работи за реконструкција на улица „Васил Главинов“  од спој со улица „Киро Ќучук“ ( после новоизградената фонтана ) до спој со улица „Киро Ќучук“ и улица „Белградска“. Површини од улицата „Киро Ќучук“ не се предвидени за  работа. Реконструкцијата опфаќа…

ОДРЖАНА ЈАВНА ТРИБИНА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА И ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ НА БОЛЕСТИ ПО ПОВОД 7 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

По повод Светскиот ден на здравјето 07 април, од страна на Општина Велес  беше одржана Јавна трибина за превентивни прегледи и рана детекција на болести под мотото „Рано откривање спасува животи“ во организација на Комисијата за унапредување на правата на пациентите. Целта на трибината беше подигнување на свеста за значењето на здравиот начин на живот…