ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Градоначалникот Аце Коцевски ги врачи јубилејните награди за долгогодишно континуирано работење во општинската администрација.   Душан Крстевски – 30 години Марјана Нешова – 20 години Миле Ацков – 20 години Јадранка Митевска – 20 години Славица Переска – 15 години Александар Анастасовски – 15 години Марина Лазарова – 15 години Невена Петрушевска – 15 години…

Линк за онлајн јавна презентација по предлог ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 43, УРБАНА ЕДИНИЦА VII, ОПШТИНА ВЕЛЕС – 29.12.2020, 10:00 ч.

Линк за Jавна презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 43, УРБАНА ЕДИНИЦА VII, ОПШТИНА ВЕЛЕС – 29.12-2020, 10:00 ч. Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=m3142b0e97f589ce49b3f52e8f1343974 Meeting number: 174 300 8861 Password: MdQxKPgt638 За следење на јавната презентација, потребно e да го преземете и да ја инсталирате програмата Cisco Webex Meetings преку следниве линкови: Windows: https://www.webex.com/downloads.html…

ТЕКОВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во тек се градежни активности на тротоарот на улица Благој Ѓорев. „Делта пром го тампонира долниот слој а „Павер Трејд“ го поплочува. „Профил Инжинеринг“ моментално работат на секундарните канализациони линии во село Отовица и на соблекувалните на спортските терени во Превалец и во Башино Село. Се уредуваат дворовите на средните општински училишта, економското  „Јовче Тесличков“…

СТАРТУВА ПРОЕКТОТ НОВ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски го најави почетокот на еден од најзначајните капитални проекти за Велес и велешани, изградбата на новиот градски пазар. „Покрај средствата што ги обезбедивме од Владата во висина од 40 милиони денари, преку програмата за подобрување на Општинските услуги со заем  од Светска Банка обезбедивме и дополнителни 46.003120 денари“,…

Став на Градоначалникот за говорот на омраза на социјалните мрежи

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски изрази разочараност затоа што како што рече „Во Велес-градот кој некогаш беше пример дома, во Европа и светот за еснаф и благородна комуникација, за жал интелектуаланата комуникација е заменета со најнизок вид на навреди, погрдни зборови и едноставно комуникација која не доликува на било кој граѓанин на Велес“.…

БОЈКОТ НА МАТУРАНТИТЕ ВО СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

Неколку дена по ред матурантите од сите четири средни училишта ја бојкотираат наставата односно не се вклучуваат на онлајн часовите и не доаѓаат на училиште за практична настава. Учениците бараат да се укине државната матура. „Од страна на училиштата превземени се сите мерки односно одржани се вонредни родителски средби, совет на родители, разговори со преседател…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС ПОЛЕКА СЕ СТАБИЛИЗИРА

Состојбата со Ковид 19 во градот полека се стабилизира иако се уште бројот на заболени е голем. Се очекува да има варијации на бројката на заболени поради престојните верски празници и Нова година и зголемување на бројот во првата половина од месец јануари. Ваква оценка беше донесена на триесет и првата седница на Општинскиот штаб…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ 260 ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦА ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Како поддршка за учениците во услови на Ковид 19, Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени помеѓу учениците од семејствата кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. „Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму…

СО ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА ЌЕ СЕ СОБИРА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ОД НАСЕЛБАТА СО РОМСКО НАСЕЛЕНИЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Здружението за хумано домување „Хабитат“ Македонија денеска и предаде на Општина Велес две возила за собирање на цврст комунален отпад, чиј краен корисник ќе биде ЈКП Дервен. Возилата се набавени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ што „Хабитат“ Македонија го реализира во соработка со Општините Велес и Шуто Оризари. Тие ќе бидат наменети…

ПРЕЗЕНТИРАНИ СОДРЖИНИТЕ НА МОНУМЕНТАЛ МК

Општина Велес е единствената општина во државата која е вклучена во проектот Монументал мк – Тура за споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија. На денешниот завршен настан на проектот што се одржа во големата сала во Општина Велес беа презентирани содржините на проектот како и сувенирите изработени во рамките на проектот. Спомен костурницата во…