ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС СТАНУВА СЕРИОЗНА

Ковид состојбата во Велес станува сериозна и полоша од минатиот месец, бидејќи бројот на новозаразени постојано е во пораст. Ваква оценка денеска утврди Кризниот Штаб за заштита и спасување на триесет и втората седница. Според епидемиолозите и докторите овој сој на вирусот многу побрзо се шири, побрзо се развива и предизвикува компликации кај заболените лица.…

ПРОМОВИРАНА ПРВАТА КНИГА НА М-Р ТРАЈЧЕ МАЛИНОВ „АЛО ТОНЧОВ-БАРДОТ НА ВЕЛЕШКАТА ЧАЛГИЈА“

Во Големата сала на Општина Велес вчеравечер се одржа промоција на пишаното дело на м-р Трајче Малинов, со наслов „Ало Тончов – Бардот на велешката чалгија“. Во книгата е претставена чалгијата како музички феномен, автохтона за Велес и Македонија од 19 век па сѐ до денес. Покрај општите податоци за чалгијата, во ова стручно книжевно…

ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ВЕЛЕС СО НОВ ЛИК

Стадионот „Зоран Паунов“ или попознат како Градски стадион во Велес полека но сигурно добива лик на модерен и современ стадион, изграден по сите меѓународни стандарди. Реконструкцијата на стадионот се реализираше со финансиски средства од Агенцијата за млади и спорт во висина од 12.210.341,00 денари. Градоначалникот Аце Коцевски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт,…

ДО ОПШТИНА ВЕЛЕС ДОСТАВЕНО БАРАЊЕ НА МИСЛЕЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕМЕНТАРНИЦА

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека од Управата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес е доставено Барање на мислење за управување на обем по известување на намера за изведување на проект – „Изградба на цементарница во кругот на каменоломот Техно Павер“ за потребите…

ВЕЛЕС ВКЛУЧЕН ВО ПРОЕКТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Владата заедно со Министерството за животна средина работи на подготовките за реализација на еден од најзначајните регонални проекти за Велес и Вардарскиот плански регион, изградбата на регионален систем за управување со отпад. Според последните информации, Вардарскиот регион во овој значаен капитален проект треба да се спои, со исклучок на општините Велес и Чашка со Југоисточниот…

ВЕЛЕС ВКЛУЧЕН ВО ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА СО КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека Велес е вклучен во финансискиот пакет за ИПА 3 на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес во ИПА 3 програмата е вклучена заедно со Општина Штип за реализација на проект за изградба на пречистителна станица со колекторски систем.…

ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“ НА ПРОДАЖБА

На последната седница на Советот на Општина Велес, со мнозинство гласови на советниците се донесе одлука за продажба на  имот во сопственост на општината. Станува збор за објектот во кој функционираше поранешниот хотел Вила Зора. Во моментов тече јавната објава за продажба на објектот, објавена на веб страницата на Општина Велес. Почетната цена е 70.575.933,00…

ЌЕ СЕ УРЕДУВА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ВЕЛЕС

Апликацијата на Општина Велес за реализација на проектот за уредување на централно градско подрачје е одобрена во прва фаза. Општината има рок до 21 април годинава да ја заокружи целокупната техничка документација и да ја достави во финалната фаза на проценка. Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција информираше дека проектот насловен „СМАРТ (Паметни) решенија за…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ ДОБИЕ СТУДИЈА ЗА ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Со поддршка на УНДП Општина Велес ќе изработи студија за јавен градски превоз како еден од приоритетите на Планот за одржлива урбана мобилност. Проектната апликација  на Општина Велес во Фондот за техничка документација е одобрена. Фондот за техничка документација за поддршка на општините е воспоставен во рамките на Проектот „Градење на општиниски капацитети за имплементација…

ИЗБРАНА Е ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски соопшти дека наскоро ќе почне  изградбата на новиот градски пазар. Веќе е избрана фирмата која ќе ги изведува градежните зафати на  горниот дел од пазарот односно фаза 2. Тоа е Изведувачот – „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО“ со седиште во Скопје. Вкупниот износ за изградба…