ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ГО ПОТПИША КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во просториите на општина Велес денеска се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Велес со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос. Колективниот договор го потпишаа градоначалникот Марко Колев од една страна  и претставникот на Синдикатот на УПОЗ, генералниот секретар Бојан Трипуноски по овластување на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе…

ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ ЌЕ ДОБИЈАТ ВОДОВОД

Градоначалникот Марко Колев  го потпиша Договорот за грант со Министерството за финансии за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Сопот. Грантот  во висина од  12.420 842 денари е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги. Дел од средствата на…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им посака што побрзо да оздрават и им подари новогодишни пакетчиња. Општина Велес традиционално им ја честита Новата година на дечињата од детското одделение со желби за добро здравје и…

ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „АНДОН ШУРКОВ“ И „ЈОВАН БАСАРОВ“

Градежните работи за бетонирање на дел од улиците „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ и улицата „Јован Басаров“ во населбата Превалец се завршени. Бетонирањето на улицата „Андон Шурков“ е во вредност од 880.000 денари со ДДВ, додека за улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри се потрошени 1.273.000 денари. Двете улици се…

ЌЕ СЕ БЕТОНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АНДОН ШУРКОВ“ КАЈ УЗУС

На улицата „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“, денеска се изведуваат припремни работи за бетонирање на улицата. Градоначалникот Марко Колев изврши увид на градежните работи кои ги изведува фирмата „Евро – Инженеринг“. Вредноста на бетонирањето на дел од улицата е 880.000 денари со ДДВ.

ШВАЈЦАРИЈА ДОНИРАШЕ НОВО ВОЗИЛО ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Н.Е. Вероник Улман денеска беше во работна посета на Општина Велес. Целта на посетата е промовирање на реализираните активности во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ , финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка а имплементиран од УНДП. На средбата со Градоначалникот Марко Колев и Претседателот на Советот…

ОСУМГОДИШНИОТ МАРКО ЗАФИРОВ РЕПУБЛИЧКИ ПРВАК ВО ШАХ

Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров денеска се сретна со Градоначалникот Марко Колев. Малиот Марко му раскажа на Градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија,…

ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“ ВО Г.ОРИЗАРИ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ

Градоначалникот Марко Колев денеска беше во работна посета на општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во кое се реконструира машинската сала за парно греење. Се монтираат топловодни пумпи кои ќе работат на систем воздух – вода, со кои во голема мера ќе се заштеди гориво. Инвестицијата е вредна 2.200.000 денари,финансиски средства на училиштето.…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА 2022 ГОДИНА

Следејќи ги принципите за транспарентност, одговорност и отчетност Општина Велес денеска организираше јавна расправа по Нацрт буџетот на општината за 2022 година. Поради актуелната состојба со Ковид 19, јавната расправа се одржа онлајн. Учесниците на распаравата, граѓани претставници на Граѓански здруженија, бизнис секторот и локалните институции и установи имаа можност да ги кажат своите забелешки,…

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРИОРИТЕТНИТЕ ОБЛАСТИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД НВО ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ RELOAD2 (УНДП)

Општина Велес ги информира Здруженијата на граѓани дека во понеделник, 20 декември 2021 година, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Општина Велес (Голема сала), ќе се одржи Јавна расправа за приоритетните области за поднесување на предлог проекти од страна на Здруженијата на граѓани, а во врска со проектот ReLOaD2. Ве покануваме да учествувате…