ОПШТИНА ВЕЛЕС БЕЗ ДОЛГОВИ

„Општина Велес е општина без долгови. По моето доаѓање, исплатени се сите наследени долгови во висина од 2.800.000 евра, вклучувајќи ги и оние кон Јавното комунално претпријатие ‘Дервен’” рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција. Ослободена од долгови, во моментот Општина Велес има само тековни обврски создадени со градежните работи на…

МЛАДИНСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕС

„Со поддршка на Владата и Агенцијата за млади и спорт деновиве ги финализираме подготовките за реализација на проектот за отворање на Младински креативен центар во Велес”, изјави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите. Во рамки на Центарот, кој ќе биде лоциран во расположивите простории на локалната библиотека „Гоце Делчев“,…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ги презентираше градежните активности кои општината ги спроведува во овој период. Во текот на месец декември започнаа градежните работи за изградба на пешачка патека и паркинг простор на неколку локации на езерото „Младост” кои како содржини се дел од  од проектот СМАРТ Езеро „Младост”. Додека…

ЗА ПРВ ПАТ ВО ВЕЛЕС ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

Во непосредна близина на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, на улица „Благој Ѓорев”, Општина Велес ги постави првите два подземни садови за отпад. Новите контејнери имаат подземна и надземна единица. Овие садови за отпад се стационарни контејнери, чијшто подземен систем, со сад за прифаќање на отпадот е со зафатнина од 3м3 и е вкопан…

МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ВЕЛЕС

Во текот на 2019 година, Општина Велес спроведе повеќе мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Велес. На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски појасни дека дел од нив се веќе реализирани, додека дел се во фаза на реализирање. Од вкупно обезбедени 550 високо квалитетни дрвја, 440 се…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ОДГОВОРНА И ДОСТАПНА ОПШТИНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Со својата транспарентност и отчетност во работењето на Советот на Општина Велес, како и директниот пренос на седниците на социјалните мрежи, но и навременото објавување на информациите на интернет страницата, Општина Велес беше посочена како позитивен пример која се вбројува во редот на одговорни и достапни општини за жителите на Општина Велес. Овие примери беа…

ПОДОБРУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ВЕЛЕС

Над пет илјади граѓани од Општина Велес ќе имаат придобивки од реализацијата на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ чии почетоци беа денес официјално означени од страна на Хабитат Македонија – организација лидер на проектот. На денешната презентација што се одржа во просториите на Хабитат Македонија во Скопје, заменик директорката за програмата на Хабитат…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА РАЦИН – РАЦИНОВИ ДАМАРИ

По повод 22 декември, одбележувањето на 111-годишнината од раѓањето на великанот Коста Солев Рацин и одбележувањето на 80-годишнината од излегувањето од печат на легендарната стихозбирка „Бели мугри”, денес во просториите на Општина Велес беше организирана свечена вечер под наслов „Чествување на Рацин – Рацинови дамари”. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски,…

АКЦИЈА „АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЧИСТИ“ – СОБРАНИ 80 М³ ОТПАД

Стотици административци од Велес денеска се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти“ која се спроведува низ целата држава. Административните службеници од Општина Велес, локалните институции, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции со помош на ЈКП „Дервен“ го собираа сметот оставен од несовесните граѓани на јавните површини и околу стамбените објекти. Акцијата која се реализираше…