81 ГОДИНА ОД БИТКАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

Денеска се навршуваат 81 година од загинувањето на борците од Осмата МНОУБ кај месноста Раштански колиби. Борбите се воделе помеѓу борците од Четвртиот батаљон на 8 велешка бригада со германските војници, за зачувување на позициите на слободната територија во месноста, недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела еден час, се користеле сите расположливи воени…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА Ј.Х.К. ЏИНОТ

Денеска се одбележуваат 143 години од смртта на учителот, преродбеникот, просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод, делегација на Општина Велес му оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Спас“. Јордан Хаџи Константинов Џинот е еден од најистакнатите борци за опстанок и развој на македонскиот народен јазик.…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2025“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2025“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство. Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер. Цел на  манифестацијата е да се…

ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА ПОМИНА НИЗ ВЕЛЕС, МАРШОТ ПРОДОЛЖИ ДО КРУШЕВО ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН

Илинденската коњаница вчеравечер пристигна во центарот на Велес. Во духот на традицијата, со песна и оро ја пречекаа велешани посакувајќи им храбро и достоинствено да го продолжат патот кон славното Крушево. Учесниците на Илинденскиот марш се поклонија и оддадоа почит пред споменикот на Велешките илинденци. Илинденскиот марш е во организација на Здружението на граѓани „Илинденски…

ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2025

Креативна работилница за најмладите во Комплекс УЗУС. Десетици дечиња цртаа, се забавуваа и нестрпливо го очекуваа омилениот Стич со кого се дружеа и играа разновидни забавни игри. За љубителите на филмската уметност пак викендов се одржаа две кино пероекции во Амфитеатарот „Бунтовната принцеза“ и „Душичката Ели“. На филмските проекции претходеа кино гејминг и натпревари во…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Со градежна механизација се подготвува теренот за реконструкција на три краци во населба Превалец. По завршувањето на земјените работи, овие краци со вкупна должина од 165 метри ќе се бетонираат.

ХУМОР И ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ПРИРЕДИ СТЕНД АП КОМИЧАРОТ ПЕЏА БАЈОВИЌ

Најдобриот саат и кусур“  на стенд ап комичарот Пеџа Бајовиќ, вчеравечер во Амфитеатарот, ја насмеа и расположи велешката публика. Со настапот, ветеранот и пионер на стедн ап комедиската сцена ја одбележа својата две децениска кариера. Неговиот карактеристичен хумор не ги остави рамнодушни велешани кој во голем број дојдоа на уште една летна забавна вечер во…

„ЗАЈАКОТ БЕЉАЏИЈА„ ГО НАПОЛНИ АМФИТЕАТАРОТ

Театарската претстава „Зајакот бељаџија“ на Театар Патувалка вчеравечер го наполни Амфитеатарот во Младински парк. Детски џагор и смеа се разлеваше низ просторот. Најмладите со големо внимание и радост ја проследија претсавата со хумористична и едукативна содржина. Театарската претстава е дел од програмата на Велешко лето 2025 која продолжува со реализација на бројни културни, забавни и…

ДОСЕГА ЗАЛОВЕНИ И ТРЕТИРАНИ 28 УЛИЧНИ КУЧИЊА ВО РЕГИОНАЛНИОТ СТАЦИОНАР „ШЕПА“

Регионалниот стационар „Шепа“ активно работи на третман на бездомните кучиња. Во изминатиот период од територијата на Општина Велес, стационарот успешно залови и третираше 28 кучиња, од кои четири се вдомени а останатите, по третирањето и согласно законските одредби, се вратени на локацијата. Сите кучиња кои се достапни за вдомување се објавени на страната на стационарот…

ЗАВРШИ ИФФ ВЕЛЕС 2025

Пет дена Велес пулсираше во ритамот на традицијата, културата и фолклорот. Заврши јубилејното издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“. Околу 600 играорци од 20 ансамбли на девет држави, на сцената на Амфитеатарот во Младински парк, преку игра и песна ја пренесоа културата и традицијата на земјата од каде што доаѓаат. Вистинско доживување и уживање…