Заев: „Ќе расте нов живот, ќе живее Младост во Велес”

На просторот околу езеро „Младост” кој беше зафатен од голем пожар, денес увид извршија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со градоначалниците на Велес и Скопје и институциите кои беа надлежни за гасење на пожарот. Пред увидот Заев оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, командирот на Територијалната противпожарна единица…

КОЦЕВСКИ: „ШТЕТИТЕ СЕ ОГРОМНИ, НО НЕМА ПОВРЕДЕНИ НИТУ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ“

На денешната прес конференција што градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја одржа по повод вчерашниот голем пожар што го зафати подрачјето околу езерото Младост, ја информираше велешката и македонската јавност дека пожарот е ставен под контрола. „Во колективната меморија на велешани, вчерашниот ден ќе биде запаметен како еден од најтажните денови во однос на…

Велешанецот Спасиќ, европски првак во кајак

Со настапот на финалниот натпревар во рамките на Европскиот куп во спуст на диви води, во дисциплината спринт, кој се одржа во Чешке Будејовице (Република Чешка), велешанецот Љубомир Спасиќ ја доби титулата европски првак во кајак. По повод постигнатиот успех, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес организираше свечен прием при што му честиташе за…

Велес – центар на стрипот

Од 21 до 25 август годинава, Велес е домаќин на 17. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2019” . Колонијата ја организира Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска ги посети петнаесетте стрип уметници, кои творат во спомен куќата на Касапови препознатлива по автентичната архитектура. Уметниците имаат можност…

Подобрени услови за инвестиции во ИЗ „Мамутчево“

Во индустриската зона Мамутчево заврши првата фаза од изградбата на систем за водоснабдување во индустриската зона. Во првата фаза се изведе резервоарски простор со зафатнина од 500м3. Градежните работи ги изведе компанијата „Евро Инженеринг“ ДООЕЛ Велес, а надзорот „ИНТЕРГРАДБА Ла“. Вредноста на инвестицијата изнесува 8.6 милиони денари. 6.9 милиони обезбеди Центарот за развој на Вардарскиот…

Работна средба на Коцевски со директорите на општинските училишта

Новиот закон за основно образование, реонизацијата, актуелните состојби, како и подготвеноста на основните и средните училишта за почетокот на учебната година беа во фокусот на средбата која градоначалникот денес ја оствари со сите директори на основните и средните училишта. Имено, измените во однос на досегашниот закон за основно образование се однесуваат на бројот на ученици…

Одржан Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019’

Денес, во водите на Вардар се одржа Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“ во организација на кајак клубот „Вила Зора“ од Велес, кој 24 години наназад го организира овој настан. Во повеќе дисциплини беа постигнати следните резултати: Во дисциплината К-1 пионери, првото место му припадна на Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ Велес, втор…

Кајакарот Петрушевски најбрз на „Илинден Опен 2019“

37 кајакари од земјава и соседна Србија денес учествуваа на отворениот Кајак слалом натпревар „Велес Опен 2019“ кој по тринаесетти пат се организира во Велес. Со резултат од 96,03 секунди Ангелче Петрушевски беше најбрзиот кајакар на денешниот натпревар. Офиијални резултати по категории : Во дисциплината К-1/пионери, првото место го освои Стефан Рибарски ККК „Вардар“ Велес,…

Одбележан Денот на Армијата

По повод 18. август, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес денес се организираше свеченост преку која се одбележа Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На прославата беа поканети и присуствуваа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, преставници на јавните установи и служби, преставниците на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност…

Како до подобра соработка со граѓанскиот сектор?

Граѓаните на Велес, претставниците на граѓански здруженија и јавната администрација покажаа голем интерес за семинарот на ЦИВИЛ за транспарентност и одговорност кој вчера и денес се одржува во хотел „Романтик“, на брегот на езерото „Младост”. Семинарот е посветен на стратешкото планирање на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, финансиран од Национален фонд…