ПРВ ОТВОРЕН ДЕН ЗА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

На првиот отворен ден, градоначалникот Марко Колев ги прими граѓаните и граѓанките кои имаа закажано средба со него. Градоначалникот ги слушна нивните проблеми, потреби, приоритети, но не изостанаа и креативните предлози и сугестии за подобрување на квалитетот на живот во општината. Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи да биде транспарентна, отчетна и…

Среда- отворен ден за прием на граѓаните на Општина Велес кај Градоначалникот

Општина Велес продолжува со своите основни начела и принципи, да биде транспарентна, отчетна и отворена општина за сите граѓани на Велес. За таа цел, повторно се воспоставува пракса на отворен ден за прием на граѓани кај Градоначалникот. Приемот на граѓани е предвиден да биде секоја среда, почнувајќи од 01.12.2021 со почеток од 10:00 часот до…

82 ГОДИНИ ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА „БЕЛИ МУГРИ“ НА КОЧО РАЦИН

На денешен ден се одбележуваат 82 години од печатењето на збирката песни „Бели Мугри на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин. Првиот примерок на збирката излегол во печатницата на Драгутин Шпулер во Загреб. Збирката е составена од 12 песни, во пет циклуси напишани на велешки дијалект, во кои на најсликовит начин се опишани најтипичните…

ЕСЕНСКО ЗАСАДУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес започна со акцијата за есенско садење на повеќегодишни висококвалитетни садници на повеќе локации во градот. На новоподигнатата зелена површина помеѓу улиците „Крсте Мисирков“ и „АСНОМ“ на местото на старите и деградирани дрвја се насадија нови, се засади трева а поставен е и систем за наводнување. Досега засадени се 100 нови дрвја во паркот…

СЕ АСФАЛТИРА ПЛОШТАДОТ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ

Во тек е асфалтирањето на Плоштадот во Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска го посети Горно Оризари чиј центар добива нов лик. Реконструкцијата на Плоштадот, на површина од околу 1.700 м²  во Горно Оризари се реализира согласно Програмата за уредување на просторот на Општина Велес. За таа намена, од буџетот на општината се издвоени 2.355.280 денари…

Концерт на класична музика КВАРТЕТ ТРОМБОНИ на Македонската филхармонија

18. Ноември 2021 (четврток) 18:00 часот, Голема сала на Општина Велес Проектот е поддржан од Министерство за култура Влез слободен Состав на квартетот: Димче Белчовски – тромбон Бранко Илиевски – тромбон Никола Ристевски – тромбон Александар Ниниќ – туба – Програма: Gershwin – Suite Parker – Danny Boy C. Handy – St. Louise Blues Gale…

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ГРАНТ СО ЕУ ЗА ПРОЕКТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ НА ВЕЛЕС

Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Делегацијата на Европска Унија  за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес- продолжуваме“, со кој ќе се уредува централното градско подрачје. Проектот во вкупна вредност од 46.365.699 денари или 751.470 евра е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“ , нови сообраќајни решенија во централното…

СЕ ПОСТАВУВА НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА СО ПРИКЛУЧОК НА УЛИЦА „БЛАГОЈ ЈОСМОВ“

Старата и дотрајана водоводна мрежа на улица „Благој Јосмов“ се заменува со нова. Во тек се активности за поставување  на нова водоводна линија со приклучок до домовите на граѓаните што живеат на улицата. Реконструкцијата на водоводната линија се реализира со финансиски средства од Министерството за транспорт и врски и улицата е една од деветте во…

ПРОДОЛЖУВААТ ОБУКИТЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА И ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Продолжуваат обуките на територијалната противпожарна единица за евакуација  и гасење на пожар. Деновиве се одржа показна вежба во ООУ „Панко Брашнаров“ , а во изминатата недела теоретски и практични вежби  се одржаа во основните и средните училишта во градот и населените места. Во вежбите учествуваа вработените и учениците на училиштата. Показни вежби за евакуација во…

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ СО МУФТИЈАТА НЕЈАЗ ЕФ. МУРАТИ

Градоначалникот Колев оствари работна средба со муфтијата Нејаз Еф. Мурати. Муфтијата му ја честиташе новата функција на Градоначалникот и му посака успешна и плодна работа во наредните четири години. На средбата се разговараше за активностите на велешкото муфтиство на Исламската верска заедница, како и за продолжување и интензивирање на соработката помеѓу локалната самоуправа и Исламската…