ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција извести дека на следната седница на Советот на Општина Велес ќе се направат промени на повеќе Програми од кои ќе се намали финансиската поддршка од повеќе ставки, со цел обезбедување повеќе финансиски средства кои ќе се пренаменат за набавка на опрема за лична заштита, заштитна…

ОДРЖАНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Општинскиот штаб за заштита и спасување денес ја одржа седмата седница на која определи економски оператори – маркети на кои им издаде дозвола за работа и движење во време на забрана на движење за деновите 11 и 12 април (сабота и недела) 2020 година за период од 08:00 до 20:00 часот, со цел достава на…

СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека  следнатa седница на Советот на Општина Велес ќе се одржи по електронски пат. „Владата на РСМ донесе уредба со која се дава можност на градоначалникот да побара свикување на вонредна седница на Советот на општината, како и можност Советот да заседава…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – НАЈВИСОКО РАНГИРАНА НА БАРОМЕТАРОТ ЗА ВЕБ ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Општина Велес е највисоко рангирана на Барометарот за веб транспарентност на Центарот за управување со промени (ЦУП) кој се однесува на веб-транспарентност во 2020 година на општините. Во образложението на Центарот за управување со промени (ЦУП) се истакнува дека Општина Велес објавува најмногу информации на општинската интернет страница за работата во рамките на своите надлежности.…

АПЕЛ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Во пресрет на велигденските празнувања, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција упати апел до претставниците на Македонската Православна Црква – Повардарска Епархија и на Исламската Верска Заедница да ги почитуваат законските прописи и препораки дадени од надлежните државни институции и да ги следат позитивните примери за кои новинарите известуваат како тоа…

КОЦЕВСКИ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

„Имаме работа со невидлив и многу сериозен противник. Затоа, е важно да ги почитуваме упатствата,  мерките и препораките на државниот Кризен штаб, на Мининистерството за здравство и да постапуваме по нив за побезболно да ја пребродиме ситуацијата. Да останеме дома и да ги преземеме сите мерки за лична и заштита на нашите најмили, а со…

КОЦЕВСКИ ЗА РАБОТАТА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за досегашните активности, донесените одлуки и заклучоци од одржаните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Велес. „Општинскиот штаб за заштита и спасување, во рамки на своите надлежности ги презема сите активности за добро и соодветно да ја менаџира…

ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС НАМЕНЕТА ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ – МАРКЕТИ

Почитувани, Општина Велес ги известува, а воедно и повикува сите економски оператори-маркети на територијата на Општина Велес,кои можат да извршат достава само на најнеопходни намирници за итни и неодложни потреби на граѓаните за време на полицискиот час, да се пријават во Општина Велес. Истите мора да достават / испратат барање за добивање на дозвола за…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПЗУ АПТЕКИ „ЖИВА ФАРМ”, ВЕЛЕС

Почитувани, Со воведувањето на заострените мерки на 8 април 2020 година за заштита и спречување на ширење на CVOID-19 (коронавирус), се воведува воонредно работно време на Аптеките на ПЗУ „Жива Фарм”, со цел олеснување на набавката на лекови, помагала за пациентите со акутни и хронични терапии. Работно време од 9 април 2020 година во работни…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДО ПРИПАДНИЦИТЕ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА

Почитувани, На овој ден, 8 април, кога се одбележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија, во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите. Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности, цврстата…