РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструира уште една долга и фрекфентна улица во градот. Финансиските средства за изведба на градежните зафати на улицата, Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт.      

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ НА ТППЕ ВЕЛЕС

Ќе се реконструира противпожарниот дом на ТППЕ Велес. Целосно ќе се реновира противпожарниот објект, помошниот објект и партер просторот со што ќе се обезбеди поголема функционалност и подготвеност за навремено извршување на работните задачи на пожарникарите. Општина Велес ги обезбеди средствата за реконструкција во соработка со Владата и Министерството за транспорт.    

НОВИ УНИФОРМИ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

Нова опрема добија велешките пожарникари. Општина Велес обезбеди 35 комплети цивилни униформи, 35 пара чизми за шумски пожари и заштитни шлемови за шумски пожари. Тоа значи дека комплетно се опремени пожарникарите спасители од територијалната противпожарна единица во Велес за справување со огнените стихии. „Почитувани пожарникари, ви благодариме за вашата пожртвуваност тогаш кога е најпотребно. Останете…

СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Заедничко чествување на Свети Трифун во Младински парк. Општина Велес организира пригодна програма за одбележување на празникот, заштитникот на лозјата и виното, со одлична музика, вкусна храна и квалитетни вина. Програмата ќе започне со фолклорниот ансамбл „Вила Зора“. Потоа следуваат настапите на детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“, Ансамбл Керамичар, „Велешка чалгија“, КУД „Коле Неделковски“, „Стакато…

ОСМОМАРТОВСКИ БАЗАР ВО ВЕЛЕС

По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, Општина Велес и годинава организира осмомартовски базар на ракотворби и цвеќе. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар и да наведат со што ќе учествуваат на базарот, задолжително да остават и телефон за контакт. Заедно со…

ЗАПОЧНА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

По завршувањето на зимскиот распуст, учениците се вратија во училишните клупи. Утрово започна второто полугодие од учебната 2025/2026 година. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село ја започнаа наставата во целосно реконструирана зграда, со значително подобри услови за одвивање на образовниот процес. Градоначалникот Марко Колев ги посети на првиот час и…

83 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ КИРКОВ

Денеска се одбележуваат 83 години од загинувањето на македонскиот борец и учесник во НОБ Благој Кирков. Роден е на 23 март 1923 година во Горно Оризари, Велешко. Уште како гимназијалец Кирков бил организатор на младинското движење во Велешката гимназија, а од септември 1942 година се вклучил во редовите на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“. Од 1938…

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

Општина Велес упатува искрени честитки до сите православни верници по повод Христовото Рождество. Божјата милост да ги облее нашите срца и да ги исполни со мир и спокој во душата, да всади меѓусебна почит и разбирање, сочувство и солидарност. На денот на Христовото раѓање, Општина Велес посакува секој дом да биде исполнет со љубов, радост…

БАДНИКОВА ПОВОРКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА ВЕЛЕС ЌЕ ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Стотици дечиња и годинава ќе бидат дел од Бадниковата поворка која ќе го најави Христовото раѓање. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ ќе го исполнат градот со празнична атмосфера и ќе не потсетат на значењето на овој голем христијански празник. Утре, вторник, Бадниковата поворка ќе тргне од црквата „Св. Кирил и Методиј“во 10:45 часот, ќе…

Дедо Мраз дојде кај нас!

Детски џагор и безброј насмевки во преполниот Младински парк го пречекаа Дедо Мраз кој пристигна со својот ирвас и заедно со помошниците поделија околу 2000 пакетчиња. Благодарност до Мото клубот “Носачи на крстот МК” и сите кои се погрижија за радоста кај децата. Забавата продолжува попладне од 17 часот со магионичарско шоу на Диме Пупулиев,…