ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС – ЧАШКА

Изминатите денови активно се работеше на реконструкција на регионалниот пат R1312 на релација Велес – Чашка. Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат подружница Велес деновиве постилаа порамнителен асфалтен слој. Со овие градежни зафати значително ќе се подобри делницата и патната комуникација помеѓу двете општини.  

ВО ТЕК СЕ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА АТЛЕТСКАТА ТРКА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Течат подготовките за петтото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“. Веќе е утврдена патеката за трчање која од страна на Атлетската федерација на Македонија ќе биде лиценцирана со Ц лиценца во соработка со Интернационалната асоцијација за истрајно и маратонско трчање и согласно стандардите на Светска Атлетика. Стартното место и финишот на трката се пред…

ПОВИК ЗА УПИС ВО РЕГИСТАР НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА  КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ОД МАЛ ОБЕМ

Согласно член 4-а став (1) од Закон за угостителската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2004, 89/2008, 115/2010, 53/2011, 141/2012, 164/2013, 187/2013, 166/2014, 199/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016 и 71/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020 и 16/2025) „физичките лица кои согласно одредбите од овој закон вршат угостителска дејност поднесуваат барање за…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС НАПРАВЕНИ ЗА КУПЕН СОНЧЕВ ТЕРМАЛЕН КОЛЕКТОР ЗА 2026 ГОДИНА

Врз основа на член 4 и член 8 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор („Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/22 и 6/24), Општина Велес објавува   ЈАВЕН  ПОВИК за…

123 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

На 4 мај 2026 година се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Гоце Делчев важи за еден од најистакнатите национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог,…

АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Во тек се градежни активности за реконструкција на коловозот од влезот до сред село. Градежната механизација е на терен, денеска и утре ќе се поставува прв слој асфалт, по што ќе следи и втор, финален асфалтен слој. Реконструкцијата на улицата во село Иванковци е дел од проектите што Општина Велес ги реализира во соработка со…

НОВ СЕМАФОР ВО СПОРТСКАТА САЛА „ГЕМИЏИИ“

Спортската сала „Гемиџии“ доби нов современ лед семафор на кој ќе се следи кој поентирал и ќе може да се води записник, додека статистиката може да се внесе и во директниот пренос од натпреварот. Софтверот кој е изработен од автор од Бања Лука е повеќекратно наградуван во различни земји во периодот од 2022 до 2025…

АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА Е ПОДГОТВЕНА ЗА НОВАТА ТАРТАН ПОДЛОГА

По завршените подготвителни зафати и асфалтирање атлетската патека на Градски стадион е подготвена за постилање на новата тартан подлога. Со стабилизирање на временските услови целосно ќе биде завршена реконструкцијата на атлетската патека. Реконструкцијата на атлетската патека се реализира во соработка со Министертсвото за спорт и е значајна инвестиција за развој на спортот и здравјето на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Се реконструира водоводната мрежа на улица „11 Октомври“. Во тек е промената на старата и дотрајана водоводна мрежа со нова. По завршувањето на санирањето ќе започне целосна реконструкција на улицата како дел од проектите кои Општина Велес ги реализира во соработка со Министертсвото за транспорт и Владата на Република Македонија.