ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

Денеска се навршуваат 185 години од раѓањето  и 147 години од смртта на македонскиот преродбеник Рајко Жинзифов. Во негова чест и спомен, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето што го носи неговото име, положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на општинското основно училиште во Г. Оризари. Рајко Жинзифов е роден на 15…

СВЕТИ ТРИФУН ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

На заедничкото чествување на празникот на лозјето и виното Свети Трифун граѓаните ќе имаат можност да дегустираат добри вина од локалните винарии Шато Сопот, Old School, Тристо и Wine Gallery, како и вкусни специјалитети од Гостилница Снупи. За добра забава ќе се погрижат Стакато бенд, Тони Андреев, Harmony Band, Мими Јовановска заедно со бендот на…

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „8 МАРТ“

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „8 Март“. Градежната механизација е на терен а увид во работите денеска изврши градоначалникот Марко Колев. Општина Велес овој проект ќе го реализира во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.  

НОВО ДЕТСКО КАТЧЕ ВО БАШИНО СЕЛО

Децата од Башино село ќе добијат ново катче во кое ќе можат да се забавуваат и дружат. Со проектот е предвидено да се постават мултифункционални елементи како и зелени зони на кои освен децата и возрасните ќе можат да ги користат. Во тек е постапка за избор на изведувач на детското катче. Освен за детското…

ИГОР ЈОРДАНОВ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

Денеска во посета на Општина Велес беше дваесет и две годишниот Игор Јорданов кој на големиот христијански празник Богојавление Водици прв стигна до Светиот крст во водите на реката Вардар и беше најсреќен меѓу деведесетината учесници. Тој разговараше со градоначалникот Колев за неговата желба да биде дел од групата велешани кои беа дел од чинот…

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ -ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани да земат учество на чинот на фаќање на светиот крст што ќе се одржи во петок на големиот верски празник Богојавление Водици. Граѓаните можат да се пријават во просториите на Повардарска епархија, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст е…

КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР ВО ВЕЛЕС ГО ДОБИ СВОЈОТ ЛИК

Завршија градежните работи на кејот на река Вардар. Граѓаните на Велес добија модерно уредено катче за рекреација  и нова креативна можност за развој на туризмот. Кејот е во должина од 200 метри на потег од  мостот Гемиџии до Мало мовче. Освен изградба на кеј проектот опфаќа поставување на два киосци за продажба на сувенири и…

ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА НАСИЛСТВОТО – КАМПАЊА „16 ДЕНА АКТИВИЗАМ“

Во рамки на кампањата „16 дена активизам – борба против насилството врз жените и родово базирано насилство“, денеска во Општина Велес се одржа дебата на која се дискутираше за најгорливиот проблем во локалната заедница, насилството. На дебатата што ја организира Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Велес и Организација на жени Велес присуствуваа…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава упати голема благодарност до сите учесници во еколошките акции што се реализираа во рамки на проектот „Зелена сончева: Генералка викенд“. Благодарници добија основните и средните училишта во градот, детската градинка „Димче Мирчев“, ЈКП „Дервен“, јавниот сектор. Во рамки на проектните активности се реализираа неколку акции за чистење и селектирање на отпад…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2023“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство. Питијадата ќе биде од изложбен и продажен карактер. Цел на  манифестацијата е да се…