ЗАКЛУЧОЦИ ОД ДВАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста за донесените заклучоци од дваесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување што се одржа денес. ЈКП Дервен еднаш неделно врши темелно перење и дезинфицирање на Градскиот пазар, а денес по направениот увид на Комисија формирана од кризниот штаб е донесена…

ИНСТИТУЦИИТЕ РАБОТАТ НЕПРЕЧЕНО И СО ДОБРА ДИНАМИКА

Како што информираше градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, работата на јавните установи се одвива непречено и со добра динамика. Според информациите од Здравствениот дом, вакцинацијата на идните првачиња се одвива според планот, прегледани и вакцинирани се 80 идни првачиња, а според динамиката предвидено е до 1 септември сите 750 првачиња да бидат навремено прегледани…

ВО ЗАВРШНА ФАЗА СЛИКАЊЕТО НА МУРАЛОТ ПОД СПОМЕН-КОСТРУНИЦАТА

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека според најавите од претставниците на Здружението за култутра и уметност „Факултет за работи што не се учат” и според динамиката на сликање, во текот на утрешниот ден (сабота, 11 јули 2020 година), ќе биде завршено поставувањето на муралот на бетонскиот ѕид на кружниот тек под…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 10 ЈУЛИ 2020

На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски извести дека во последниве 24 часа во Велес и велешко има регистрирано три новозаболени лица и еден оздравен. Вкупната бројка на заболени лица во Велес и велешко до денес изнесува 201 лице, од кои 150 се оздравени, 13 починати и 38 се активни случаи. Од активните лица, 24 се…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Поради реакциите од страна на жителите на Општина Велес во врска со користеното средство за авионско третирање против комарци што Општина Велес редовно го спроведува неколку пати во тековната година, Општина Велес ја известува јавноста дека: Авионската апликација со средство за аеросолна адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – ПОСТАВУВАЊЕ МУРАЛ НА КРУЖНИОТ ТЕК ПОД СПОМЕН – КОСТУРНИЦА

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од денес, 6 јули 2020 година, на бетонскиот ѕид на влезот во Велес, на кружниот тек под Спомен-костурницата започнаа со работа четири млади уметници кои на површина од 86 метри должина и 2,5 метри висина создаваат уметничко дело – мурал. Со цел непречено одвивање на работите, како и…

БИБЛИОТЕКАТА И МУЗЕЈОТ ГИ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Локалната библиотека „Гоце Делчев” и ЛУ Народен музеј – Велес од денес, 6 јули 2020 година, повторно ги отвораат вратите за корисниците и посетителите. Согласно мерките и препораките на Владата, по предлог на заклучоците од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, беше донесена одлука за отпочнување со работа на библиотеките, музите, галериите и…

ВЕЛЕС СЕ ЗБОГУВА СО АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР АНГЕЛ ПЕТРОВ

По повод смртта на академскиот сликар и професор во пензија, Ангел Петров, денес во Општина Велес се одржа комеморативна седница. Во присуство на членови на семејството на Петров, неговите пријатели, соработници и поранешни колеги, во името на сите граѓани на Велес со Ангел Петров се збогуваше градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Кога животот ни…

УМЕТНОСТ НА ВЛЕЗОТ ВО ВЕЛЕС

Младиот уметник Давор Кешќец од Скопје е автор на уметничко дело кое ќе го краси муралот на влезот во Велес. Како што денеска соопшти градоначалникот Аце Коцевски,  муралот ќе биде создаден на  бетонскиот ѕид на влезот во Велес, на кружниот тек под Спомен-костурницата. Муралот ќе се создава на површина од 86 метри во  должина и…

ПРВОТО DRIVE IN CINEMA ВО ВЕЛЕС

Како што информираше на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски, идејата за организарање на првото Drive in cinema од отворен карактер во нашата држава е резултат на креативноста на група млади ентузијасти, кои сакаат со иновативни идеи да придонесат разни можности за рекреација и забава на младите, па и на повозрасните сограѓанки и сограѓани оваа летна…