Во текот на изминатите десетина дена заедно со службите на ЈКП Дервен:
Исчистени се диви депонии на улиците Никола Карев, Благој Кирков, Петре Прличко и 8ма Велешка бригада, влезовите на гаражите под плочникот на ул.11 Октомври, под градските гробишта кај с.Раштани и каналот кај Потокот во два наврати
Генерално чистење на улиците Илинденска, Белградска, Жифко Фирфов, Сараевска, Цар Самоил на влезот и летната тераса на киното и градските гробишта кај с.Раштани
Ископ за поставување на секундарна водоводна линија со должина од 100м за поврзување на водовод на нови објекти во индустриската зона Речани
Средување и одржување на зеленило и кастрење на гранки на улиците Димче Мирчев, Луј Пастер, Ѓоре Органџиев, Белградска, Мицко Козар, Петре Прличко, долж каналот кај Касарната, од двете страни на Вардар, Младински парк, Градски парк
Санирани се тротоарите со порамнување на бекатон плочки со ослободување на коренските системи на дрвјата на повеќе локации во градот
Дислоцирана е канализационата мрежа на ООУ Панко Брашнаров, со цел продолжување на градежните активности на Градскиот пазар.
На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина.
За поубав Велес!