Квалитетното образование е предуслов за добра иднина, поради што од исклучителна важност е соработката на Општината со образовните институции.
Токму затоа, градоначалникот Марко Колев денес заедно со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, г-дин Аце Миленковски, потпишаа меморандум за деловна соработка, преку кој во иднина ќе се градат заедничките цели, интереси и активности, во делот на образованието, но и во делот на развој на локалниот туризам.
Градоначалникот Колев и Општина Велес и во иднина ќе продолжат да бидат активни чинители во сите процеси за подобрување на животот на велешани.