Во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов просторен план на Република Македонија денес во Општина Велес се одржа работна средба со заменик министерката, д-р. Христина Оџаклиеска, советот на Центар за развој на Вардарски плански регион и работната група за следење, водење и насочување на процесот за изработка формирана од страна на МЖСПП.
На состанокот беше презетирана легислативата и методологијата за изработка на нов просторен план и беа назначени контакт лица од страна на општините од Вардарскиот плански регион за понатамошна размена на податоци и информации кои ќе бидат неопходни за целите на задачата.