ФОРМИРАН НОВИОТ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

По заокружување на целиот процес на избор и формирање на Локален младински совет во Општина Велес, Локалниот младински совет на Општина Велес ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. За претседателка на Локалниот младински совет е избрана Ања Трајковска, а функцијата заменик претседател, во наредните две години ќе ја…

ВЕЛЕС ТРЧАШЕ ЗА РАЦИН

Во чест на бесмртниот Коста Солев Рацин, викендов се одржа четвртото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин’. Неколку стотици учесници се вклучија на детската и на трките од пет и 10 километри. Велешките улици беа преплавени со професионални атлетичари но и сите оние кои кои со своето учество ја покажаа својата почит кон великанот…

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Под слоганот „Ти подарувам бесмртност“ викендов се одржа крводарителска акција во спортската сала „Гемиџии“ со што започна чествувањето на 62. Рацинови средби во Велес. Крводарителската акција се реализираше во организација на Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Црвен крст Велес. На акцијата се собраа 34 крвни единици а велешани уште еднаш ја покажаа и…

62.РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Под слоганот „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“, од 07 до 17 јуни ќе се одржат 62. Рацинови средби во Велес. Во чест на великанот, на различни локации низ градот ќе се реализираат бројни културни, спортски и уметнички настани во соработка со голем број на институции, здруженија на граѓани и поединци. „Сакам да…

ОДРЖАН ОРАТОРСКИ НАТПРЕВАР „ЗБОР СО КОРЕН, ГЛАС СО СИЛА!“ ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, Општина Велес беше домаќин на инспиративен ораторски натпревар  „Збор со корен, глас со сила. Од длабочината до височина – ние сме гласот на она што тие го напишаа“. Настанот, посветен на значењето и наследството на светите браќа, собра млади талентирани ученици од…

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПАМЕТНИ РЕШЕНИЈА ВО ВЕЛЕС

Во Општина Велес се реализираше завршна конференција за тригодишниот проект кој досега се имплементираше „Паметни решенија – Велес продолжуваме“. На конференцијата се споделија досегашните резултати од спроведените активности. Проектниот менаџер Марија Алчева даде детално објаснување за сите активности издвојувајќи ја како најзначајна инфраструктурната реконструкција во централното градско подрачје каде за прв пат во општината се…

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025 ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава се приклучува на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 25”, во организација на компанијата „МЕН ЕНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЗЕЛС, Црвен крст, Пивара, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал. На ден 09.05.2025 година (петок) ќе се спроведе…

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ „СТОЈАН БУРЧЕВСКИ БУРИДАН“

Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци денеска го одбележа патрониот празник. По тој повод делегација на општина Велес, на училиштето и делегации на јавни институции положија свежо цвеќе пред спомен обележјето со неговото име. Стојан Бурчевски Буридан е роден во велешкото село Рудник во 1920 година. Тој е организатор и учесник на вооруженото…

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Започна акцијата за отстранување на хаварисани и приклучни возила како и земјоделски машини од јавните површини.  Првата фаза од акцијата „Чист град 2025!“е од превентивен карактер, односно се предупредуваат сопствениците, во определен рок, да ги отстранат своите возила. Во текот на вчерашниот ден службите на Општина Велес во соработка со МВР – СВР Велес залепија…

АКЦИЈА НА ПОШУМУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА

Успешно се спроведе акцијата за пошумување на просторот околу Спомен Костурницата во организација на Општина Велес. На акцијата учествуваше администрацијата, дел од советниците на општинскиот совет, градоначалникот Марко Колев  и службите на ЈКП Дервен. Околу 500 садници од различни видови се насадија што ќе го оплеменат и разубават просторот околу Костурницата. Наша одговорност и обврска…