Коцевски со апел за зачувување на рекреативниот центар езеро „Младост”

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, упати апел до жителите на Општина Велес за совесно однесување и зачувување на животната средина, но и за поставената урбана опрема на рекреативниот центар Езеро „Младост”. „Велес, во суштина сте вие, граѓанките и граѓаните. Како што помогнавте да созадеме нов живот, нова шума на езеро…

Се поставуваат хидранти на езеро „Младост”

На пет локации на езеро „Младост” се поставуваат хидранти за наводнување на садниците со кои е пошумено опожареното подрачје на езерото „Младост”, но и поради превенција од можни пожари, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Во Еко-кампот од проектот „Паметно езеро Младост”, на пристапниот пат кон истиот (во непосредна близина…

Исфрлен отпад кај реката Тополка

„Големата депонија од габаритен отпад и шут, која е регистрирана на почетокот на реката Тополка ќе биде исчистена по завршувањето на градежните активности на локалитетот „Цуцка”’, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој појасни дека расчистувањето на дивата депонија е оневозможено поради временото затворање на патниот правец кој води до…

Информација во врска со поставувањето на базен во хотел „Интернационал”

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста во врска со информациите за поставување на базен на терасата на хотелот „Интернационал”. Во текот на денешниот ден, градежен инспектор излегол на  терен и констатирал дека инвестиорот ДПТУ „Бинго Груп” од Велес има донесено пластичен базен, долг околу десет метри, широк четири…

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ја информираше јавноста за состојбата во врска со Коронавирусот во Велес и велешко и дополни дека „нема место за паника, сè е ставено под контрола, состојбата не е алармантна и со анкетите се откриени изворите на заразата”. Според информациите од денешната, дванаесетта седница на Општинскиот…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од Понеделник -18.05.2020 год ќе се изведуваат градежни работи на дел од улица Петре Милевски во должина од околу 350 м за реконструкција на завршниот слој на улицата – се вади постоечката коцка од улицата , планирање и подобрување на подлогата и завршна обработка со бетон. Работите ќе се изведуваат од спој со улица Киро…

Успешна акцијата за пошумување – опстанаа речиси 100% од садниците

По катастрофалниот пожар што ја зафати околината на езерото Младост и уништи 40 хектари драгоцена шума, кон крајот на минатата година Општина Велес организираше масовна акција за пошумување. Во акцијата беа засадени 13.700 садници. 2 700 садници беа обезбедени од донатори кои самите ги засадија садниците, а Општина Велес обезбеди средства за набавка на 11…

Донесените мерки за двата пазари во Велес, остануваат на сила

Во просториите на Општина Велес, денес се одржа средба на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски заедно со претставници од Центарот за јавно здравје – Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП Дервен разговараа за прашања поврзани со отворањето на Малото пазарче во Нова населба, како и за досегашната работа на Градскиот…

Одбележан 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Советот на Општина Велес и од општинската администрација, како и на политичките партии, денес положија свежо цвеќе на Спомен – костурницата, паметникот на жртвите од Велес и велешко од НОВ, со што се одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Апел за совесно однесување на посетителите на езеро „Младост”

Почитувани, Општина Велес упатува апел до сите посетители на езерото „Младост”,  љубителите на природата, воедно до сите граѓани од целата држава, за совесно и соодветно однесување кога се наоѓаат на просторот на рекреативниот центар „Езеро Младост”. Сите пропратни содржини околу езерото (патеки пополочени со камен, летниковци, клупи, зелени површини и слично) се подеднакво наменети за…