ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

  23 Октомври е ден кога со особена почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливиот дух на македонските револуционери, кои се вградија во темелите на борбата за слобода, самостојност и независна македонска држава. Нивната визија, идеали и решителност се траен потсетник дека љубовта кон татковината, единството и истрајноста се вредности што треба да ги…

ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

11 Октомври – Ден на народното востание – празник на слободата, храброста и непокорот. На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ го крена гласот против фашистичкиот окупатор, започнувајќи ја борбата за слобода, правда и национално достоинство. Денес, 85 години од Народното востание, со длабока почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливoста на нашите предци…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ, 28 СЕПТЕМВРИ

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, 28 Септември, Општина Велес упатува искрени честитки до сите припадници на бошњачката заедница. Овој ден е можност да се потсетиме на значењето на културното наследство, јазикот, традицијата и идентитетот, но и на вредностите што нè поврзуваат – почитта, заедништвото, толеранцијата и меѓусебното разбирање. Велес е град во кој различностите…

ВЕЛЕС ГИ ЧЕСТВУВА ДВАТА ИЛИНДЕНА

123 година од Илинденското востание и 82 години од Првото Заседание на АСНОМ, Велес го чествува големиот национален празник Илинден. По тој повод, делегација на Општина Велес им оддаде почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна со положување свежо цвеќе на спомен бистата во Спомен костурницата. 2…

ЧЕСТИТ 5 МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Денеска го славиме нашиот мајчин јазик, македонскиот – темелот на нашиот идентитет, култура и историја. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата  Да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации со гордост и љубов.

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

По повод големиот христијански празник Велигден, Општина Велес упатува искрени честитки со желби за добро здравје, мир и благосостојба. Нека светлината на Христовото Воскресение ги исполни вашите домови со љубов, радост и духовна сила и нека ви донесе надеж и успех во сите животни предизвици. Христос Воскресе!

Честит 8 Април – Меѓународен ден на Ромите!

Нека овој ден биде потсетник за богатата култура, традиција и историја на ромската заедница, како и за значењето на еднаквоста, почитта и заедништвото. Со желби за здравје, среќа, успех и подобра иднина за сите.

7 АПРИЛ СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Велес упатува честитка со најдлабока и искрена почит кон сите здравствени работници кои во секакви услови го даваат својот максимум во интерес на здравјето на граѓаните. Да го чуваме нашето здравје, без здравје сме никој и ништо. Здравјето не е само отсуство на болест туку состојба на…

117 ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

Во семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев, во далечната 1908 година, на денешен ден, се родил Коста Солев Рацин, кој уште од најрана возраст  го осетил сиромашниот живот па морал да учи и да работи во грнчарската работилница на неговиот татко. Но и покрај тешкиот живот, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се…

3 ДЕКЕМВРИ,МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

„Градење на инклузивни општества за унапредување на социјалниот напредок“ е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.  Ден што потсетува дека  овие граѓани сé уште се соочуваат со бариери во нивниот секојдневен живот, сé уште наидуваат на пречки на патот кон остварување на своите соништа. Крајно неопходна е…