27 МАРТ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот, 27 Март, ден посветен на креативноста, умешноста на уметничкото битисување, блесокот на театарската сцена. Општина Велес им го честита денот на актерите од велешкиот театар „Ј.Х.К.Џинот“ со искрени желби за врвни и неповторливи улоги на театарската сцена, да блеснат во највисоко светло на уметнички израз и да останат…

ЧЕСТИТ 8 МАРТ!

Ви го честитам меѓународниот ден на жената, 8 Март и посакувам да бидете почитувани, сакани, рамноправни, денес и секој ден! Продолжете да чекорите по патот на успехот и никогаш не се откажувајте од  борбата за правда, еднаквост, соживот и мир. Ве поттикнувам и охрабрувам да останете доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество…

ХРИСТОС СЕ РОДИ, ЧЕСТИТ БОЖИЌ

Празнувајќи го Христовото раѓање, го празнуваме животот исполнет со љубов, надеж и меѓусебно разбирање, дарување, помагање, сочувствување и поддржување. Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Овој голем христијански празник не учи да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помагаме на немоќните…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ГИ ПРЕЧЕКА БАДНИКАРЧИЊАТА

Градоначалникот Марко Колев и годинава со радост ги пречека бадникарчињата кои го најавија Христовото раѓање Божиќ. Стотина дечиња денеска ја продолжија вековната традиција, пеејќи и славејќи го Бог, поминаа низ центарот на градот и стигнаа во општинската зграда. Градоначалникот заедно со советниците ги пречекаа со божикни пакњтчиња и им се заблагодари за тоа што уште…

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА, БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ЌЕ ГО НАЈАВИ ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ

Бадникова поворка и годинава ќе го најави Христовото раѓање. Традиционално, поворката составена од стотина дечиња,  ќе ја помине познатата рута, од црквата „Свети Кирил и Методиј“ до општинската зграда. Пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“, дечињата ќе го најават најрадосниот чин, раѓањето на Исус Христос и ќе не потсетат на големината и значајноста на овие…

202 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ

Денеска се навршуваат 202 години од раѓањето на Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе на гробот во црквата Св. Спас. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител. Роден е во 1821 година на Прцорек, од левата страна на Вардар. Својата учителска дејност ја започнува во 1838…

ГОДИШНИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ВЕЛЕШКИТЕ СЕМЕЈСТВА МИТРЕВИ И КАПЧЕВИ

На денешен ден се навршуваат 81 години од трагичната смрт на велешките семејства Митреви и Капчеви. На 10 декември 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви. Од голема историска важност…

8 ДЕКЕМВРИ – СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

8 Декември – денот кога се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител, творецот на Охридската школа, Свети Климент Охридски. Тој е најревносниот и најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, учествува во нивната мисија посветена на ширење на словенската богослужба и словенското православие. Свети Климент се смета за закрилник и патрон на…

79 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ

На денешен ден се навршуваат 79 години од загинувањето на Јовче Тесличков. Општина Велес се приклучува кон одбележувањето на патрониот празник на општинското средно училиште што го носи неговот име. Во рамки на програмата за одбележување на патрониот празник, ОСУ „Јовче Тесличков“ ги реализира следните активности: -Работилница на тема „Благодарност кон телото“ -Презентација на маркетинг…

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Општина Велес упатува честитка до сите граѓани на Велес по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Овој голем национален празник е уште еден потсетник на првата семакеднаска организација и нејзината единствена цел, да го обедини македонскиот народ во борбата за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на нашите…