ЧЕСТИТ 1 МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

По повод 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, Општина Велес упатува честитки до сите работници во земјава и ширум светот посакувајќи им успешна работа, напредување во кариерата и вреднување на нивниот труд. Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците затоа што тие се најважната алка во сите економски,…

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Општина Велес упатува честитка до сите верници од православна вероисповед и им посакува радост, благосостојба и духовен мир. Нека овој светол празник ни го покаже вистинскиот пат, пат на разумот, мудроста и човечноста.  Христовото восресение нека го осветли патот на животот, а неговата бесконечна љубов ги исполни нашите срца…

8 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Велес упатува честитки до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Ромите со својата посебност, култура и обичаи се важен и нераскинлив сегмент на македонското општество, но истовремено и заедница со проблеми и предизвици во секој аспект од општественото живеење. Унапредувањето на правата на Ромите е предизвики на Општина…

96 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Денеска се навршуваат 96 години од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работнички права Васил Главинов. Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој е еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и поборник за Балканска федерација. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и…

ЧЕСТИТ БОЖИЌ!

Општина Велес им го честита најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање на сите православни верници. Витлеемската ѕвезда нека свети во сите домови, нека го осветлува патот на возвишението кон кое треба да се стремиме. Нека нé води вербата во Бога, како патоказ за подобро утре за сегашните и идни поколенија. Да ја…

ЧЕСТИТ ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, 23 ОКТОМВРИ

Општина Велес го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Овој голем национален празник го симболизира континуитетот на македонската борба за независност. Идеалите на македонската револуционерна организација и на македонските револуционери остануваат да ни бидат вечен мотив во сите сегашни и идни борби и желби да ја зачуваме слободата и независноста, достојно да ги…

НЕМОЈ ДА УНИШТУВАШ!

Изминатите повеќе од две години Општина Велес интензивно работи на реконструкција на речиси сите спортски терени и детски игралишта во градот. За жал, она што разочарува е негрижата на младите генерации кои во вечерните часеви дивеат и уништуваат. Сведоци сме на секојдневно вандалско однесување, возење со велосипеди и мотори по тартан патеките и спортските терени,…

ЧЕСТИТ 1 МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ

Општина Велес им го честита 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот,  на сите работници посакувајќи им добро здравје, напредок и успех на секое поле. Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Работниците се најважната алка во развојот на едно општество, затоа е важно да се посвети големо внимание…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

Општина Велес на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита големиот празник Рамазан Бајрам. Почитувани сограѓани, нека овој ден Ви донесе мир и спокој во душите, љубов во срцата, радост и слога во семејствата. На овој голем верски празник да се потсетиме на вистинските вредности кои единствено не сплотуваат во хармонично општество во кое…

8 АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.  Велес е град со долга традиција на ромската заедница специфична по својата култура, верување и обичаи. Ромите се важен сегмен во градењето на соживот и меѓусебно почитување во едно општество. Унапредувањето на правата на Ромите е предизвик на Општина Велес која со години спроведува…