ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава.…