Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава. Овој празник нé потсетува на сите пречки и предизвици кои сме ги надминале, но исто така нé потсетува и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму, сплотено и посветено да чекориме по патот на успехот.


