ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Почитувани граѓани, Општина Велес Ви го честита Денот на народното востание, 11 Октомври, еден од најголемите државни празници кој македонскиот народ со гордост го слави и негува. На денешен ден се навршуваат 81 година од славното историско народно востание со кое се извојувала не само национална и социјална слобода туку и сопствена држава. На нас…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ 5 ОКТОМВРИ

Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на учителите 5 Октомври, на сите просветни работници и им посакува успех во најблагородната професија. Почитувани наставници, продолжете посветено и одговорно да градите нови генерации, да ги едуцирате и насочувате кон вистинските вредности, покажете им го правилниот пат и помогнете им да откријат повеќе за себе и за…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 28 СЕПТЕМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

Почитувани сограѓани од бошњачката заедница, Со голема благодарност за вашиот придонес во развојот на Велес, во името на сите граѓани на Велес, Општина Велес ви го честита 28 Септември, Меѓунaродниот ден на Бошњаците и ви посакува многу здравје, успех и благосостојба. Општина Велес ќе продолжи и во иднина да ја негува културната традиција на градење…

ОДБЕЛЕЖАН 18 АВГУСТ, ДЕНОТ НА АРМИЈАТА!

Во чест на овој ден градоначалникот Марко Колев присуствуваше на свеченоста во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде го одбележавме 18 Август, Денот на армијата! Армијата е вистинското благородништво на државата. Храброст, посветеност и пожртвуваност да бидат одлика преку која ќе не препознаваат и вреднуваат. Честит Ден на армијата! Да живее армијата! Да живее Република Македонија!

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ, 23 Мај

23 Мај Национален ден на Власите, народ кој остави големи траги во градењето на македонската држава. Влашката заедница е составен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции кои се пренесуваат од генерациии на генерации. Да ги надминеме разликите и предрасудите и сите заедно да работиме на афирмација на нашата богата култура…

ЧЕСТИТ 20 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО!

Една од најхуманите професии е онаа на пожарникарите. Кога ние се повлекуваме, тие херојски застануваат во првите борбени линии. Во борба против огнената стихија, секојдневно изложени на ризик, но и со голема одговорност. Денешниот ден им го посветуваме ним и нивната благородна мисија. Во нивна чест го одбележавме денот преку пригодна програма со показни вежби,…

5 МАЈ ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај. Јазикот е најголемото културно и историско богатство на една нација со кој се идентификува и издвојува од другите народи. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик.

Честит Рамазан Бајрам!

На сите верници од исламска вероисповед Општина Велес им го честита овој голем празник. На овој ден да се потсетиме на значењето на слогата и заедништвото, меѓусебното разбирање и добрината, и да си посакаме добро здравје, радост, среќа и благосостојба.

Среќни Велигденски празници!

Денес е Велики Четврток, предвесникот на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Во деновите кога се потсетуваме на големата Христова победа на крстот, градоначалникот Марко Колев и Општина Велес Ви посакуваат денови исполнети со мир, надеж, љубов и благосостојба. За многу години!

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ЛИЧНО ИМ ОДДАДЕ ЧЕСТ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Иако секој ден е одлична можност да ги прославиме жените и нивната значајна улога во домот и општеството, Меѓународниот ден на жената ни дава уште една причина да го направиме токму тоа. Денес, градоначалникот Марко Колев им оддаде чест на сите жени вработени во општинската администрација лично врачувајќи им подарок, оддавајќи им признание за сите…