Денеска се одбележуваат 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја, учител, визионер, и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20.век.

Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.

Ликот и делото на Гоце Делчев и неговиот придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на Македонците.

„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ – Гоце Делчев