На денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, да се потсетиме на потешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството.

Луѓето со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни, почитувани или вклучени во секојдневните општествени случувања. Напротив, и покрај бариерите со кои секојдневно се соочуваат, тие се тука меѓу нас, нивниот глас се слуша а нивниот труд се вреднува.

Општина Велес ќе работи во насока на подобрување на условите за живот на оваа категорија на граѓани со отстранување на сите пречки кои им го отежнуваат животот и со нивно вклучување во социјалниот, културниот и деловниот живот.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од нивното интегрирање во секој аспект на живеење. Сите заедно да ги поддржиме и да им покажеме дека се дел од нас.

Општина Велес им го честита Меѓународниот ден, 3 Декември.