ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ГРАНТ – ЈАПОНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРА РЕНТГЕН АПАРАТ ЗА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Во официјална посета на Општина Велес денеска беше Н.Е. Хиронори Савада, Амбасадорот на Јапонија во Македонија. Повод за посетата е донацијата на јапонската амбасада во дигитален рентген апарат, наменет за потребите на Општа болница Велес. Градоначалникот Коцевски им посака топло добредојде на амбасадорот и неговата сопруга Г-ѓа Хитоми Савада и срдечно се заблагодари за донацијата.…