ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ОБЈАВЕНИТЕ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА 2026

По објавените јавни повици за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед, инвертер клима и сончев термален колектор за 2026 година, комисијата ги отвори пристигнатите барања за субвенционирање и согласно одлуката, изборот по јавните повици ќе се реализира по принципот  „ со извлекување по случаен избор – транспарентно“ и тоа…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Активно се работи на реконструкција на фасадата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за греење и ладење, заштита на животната средина и подобри услови во образовниот процес. За реализација на овој проект се обезбедени средства преку соработка со Владата и Министерството за образование и наука.

СПЕКТАКУЛАРЕН КРАЈ НА ЈУБИЛЕЈНИТЕ ВЕЛЕШКИ ИГРИ

Уште едно успешно издание на Велешки спортски игри заврши викендов во Велес. Градскиот парк беше центарот на спектакуларни атрактивни натпревари во фудбал, баскет, одбојка и тенис со извонредна игра на спортистите. До последен момент ги следеа и бодреа бројните посетители на спортските терени. Општина Велес упатува голема благодарност до сите учесници на петтото јубилејно издание…

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РАШТАНСКИ ПАТ

Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.  

ВТОР ДЕН ВЕЛЕШКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Во спортски такмичарски дух помина и вториот ден од најмасовната спортска манифестација Велешки спортски игри. И во текот на вчерашниот ден се одиграа многу натпревари, а многубројната публика ги бодреше и навиваше за своите фаворити кои спортски се бореа за поен повеќе. Натпреварите продолжуваат и денеска, затоа бидете дел од оваа прекрасна спортска манифестација.  

ЗАПОЧНА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ВЕЛЕС

Велес од вчера стана спортски центар во земјава. Стартуваше петтото издание на Велешките спортски игри во Градски парк. Над 600 натпреварувачи, од кои стотина од Србија, Црна Гора, Турција, Америка, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија,  ќе учествуваат на овие игри и ќе си ги одмерaт силите во фудбал, одбојка на песок, 3×3 баскет,…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ЈУБИЛЕЈНАТА АТЛЕТСКА ТРКА „ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“

Петтото  издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин“ успешно се реализираше низ улиците на Велес.  Околу 400 учесници во машка и женска кокуренција истрчаа  5 километри и стотина  истрчаа 10 километри на новата лиценцирана патека,  согласно стандардите на Светска атлетика и на тој начин му оддадоа почит на великанот со кој Велес се гордее. На…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од недела, 31 мај, до недела, 7 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС. Општина Велес со апел до граѓаните да се…

Соопштение за медиуми Спортски игри за млади во Велес

Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики,…

Одржан ораторски натпревар за средношколците по повод Денот на сесловенските просветители

По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Општина Велес организираше ораторски натпревар за учениците од средните училишта во градот, на тема „Словото не молчи – буквите што ги родија народите зборуваат и денес“. ​Тричлената комисија во состав Елизабета Митреска Ангелеска, Валентина Ѓорѓиевска и Наташа Брезовска Богоевска, по детално оценување на говорите, ги…