ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ „СТОЈАН БУРЧЕВСКИ БУРИДАН“

Општинското основно училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци денеска го одбележа патрониот празник. По тој повод делегација на општина Велес, на училиштето и делегации на јавни институции положија свежо цвеќе пред спомен обележјето со неговото име. Стојан Бурчевски Буридан е роден во велешкото село Рудник во 1920 година. Тој е организатор и учесник на вооруженото…

ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Започна акцијата за отстранување на хаварисани и приклучни возила како и земјоделски машини од јавните површини.  Првата фаза од акцијата „Чист град 2025!“е од превентивен карактер, односно се предупредуваат сопствениците, во определен рок, да ги отстранат своите возила. Во текот на вчерашниот ден службите на Општина Велес во соработка со МВР – СВР Велес залепија…

АКЦИЈА НА ПОШУМУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА

Успешно се спроведе акцијата за пошумување на просторот околу Спомен Костурницата во организација на Општина Велес. На акцијата учествуваше администрацијата, дел од советниците на општинскиот совет, градоначалникот Марко Колев  и службите на ЈКП Дервен. Околу 500 садници од различни видови се насадија што ќе го оплеменат и разубават просторот околу Костурницата. Наша одговорност и обврска…

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков на работна средба со градоначалникот на Општина Велес Марко Колев. На средбата се разговарало за подготвеноста на двете институции за соработка и користење на капацитетите за реализација на проекти од европските фондови. Министерството за европски прашања стои на располагање и за стручна обука и помош во делот на…

83 ГОДИНИ ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Младешка бунтовност, непоколебливост и љубов кон мајчиниот јазик покажале велешките гимназијалци на 14 март 1942 година, кога дигнале бунт и рекле НЕ за воведување на бугарскиот јазик во наставата. Од овој историски ден поминаа 83 години, но нивниот херојски подвиг, и ден денес е врежан во колективната меморија на велешани и на македонскиот народ. Велешани…

80 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ

Осум децении хуманост, сплотеност и несебична поддршка за најранливите категории на граѓани. Најголемата хуманитарна организација Црвен крст го прослави својот јубилеј, 80 години од своето постоење. Под мотото „80 години ние гледаме луѓе“, во Големата сала на Општина Велес, пред многубројните поестители и хуманитарци се прикажаа три видеа на кои беше презентирана работата на Црвен…

ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Во официјална посета на Општина Велес вчера беше амбасадорот на Италија во Македонија Н.Е. Паоло Палминтери.  На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за досегашната одлична соработка на општината со Амбасадата, како и за можноста за продлабочување на комуникацијата и соработката во иднина, со што ќе се придонесе за развој на економијата и културата…

118 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ ПРЛИЧКО

На годишнината од раѓањето на Петре Прличко, еден од најголемите македонски актери на сите времиња, Општина Велес се сеќава на неговиот лик и дело. Денеска се навршуваат 118 години од неговото раѓање и по тој повод, градоначалникот Марко Колев заедно со советници од Советот на Општина Велес, положија  свежо цвеќе пред спомен бистата во Младинскиот…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВО ТЕК Е ПРВОТО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Општина Велес, денес во раните утрински часови го започна третирањето против ларви од комарци. Третирано е крајбрежјето на езерото „Младост“, третманот го извршуваше операторот ЈЗУ Центар за јавно здравје –  Скопје. Активностите продолжуваат во текот на утрешниот ден, ќе се опфатат следните локации: Делот „Јарбош“ Градскиот Парк Стадион Младински Парк По течението на реката Вардар…

РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО МАМУТЧЕВО

Се реконструира старата и дотрајана водоводна мрежа во село Мамутчево. Службите на ЈКП Дервен деновиве се активни на терен каде старата водоводна линија ја заменуваат со нова и се вршат приклучоци на домаќинствата што во голема мера ќе се подобрат условите за живот на тамошните жители. Инвестициите во руралните средини се неоходни за рамномерен развој…