НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

Целосно е сменета мрежата на уличното осветлување на улицата „11 Октомври“. На овој дел од градот се работеше на промена на подземната инсталација на мрежата на улично осветлување. Се поставија нови канделабри и лед светилки. Во согласност со временските услови, на почетокот на следната година оваа улица ќе биде реконструирана.  

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е…