Еден од главните приоритети беше хигиената во нашиот град. Во изминатиот период заедно со службите на ЈКП Дервен:
– Исчистени се голем број на диви депонии во градот и собрани се 472м3 смет и шут
– Исчистени се 161м3 атмосферски канали од наноси од земја и смет кои со години не беа исчистени
– Хортикултурно уредени и организирани се зелените површини на повеќе локации во градот
– Комплетно санирање на урбана опрема и корпи за отпадоци на повеќе локации во градот.
Од сите нас зависи во каква околина ќе живееме. Грижејќи се за околината, се грижиме за подобрување на квалитетот на животот на сегашните и идни генерации.
Апелираме до сите граѓани за зачувување на хигиената и опремата во градот, со што ќе придонесете Општината и ЈКП Дервен да можат да креираат нови зелени површини и рекреативни катчиња во градот.
За поубав Велес!