ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“
Општина Велес традиционално ја организира Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“, со цел презентација и промоција на велешката пита пастрмајлија, виното и производите на учесниците од угостителскиот, пекарскиот и винарскиот сектор. Манифестацијата е од изложбен и продажен карактер и има за цел поголема афирмација на препознатливиот велешки специјалитет, поддршка на локалните…











