Известување за интервју (фаза 2) Јавен повик за избор на членови на управен одбор на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес бр.09-3634/53 од 26.08.2026

Интервјуто (фаза 2) по Јавен повик за избор на членови на управен одбор на ЈП „Парк-Спорт и Паркинзи“ Велес бр.09-3634/53 од 26.08.2026 година, ќе се одржи на 16 септември (среда), во 14 часот во Електронската сала на Општина Велес.

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС ГИ ДОБИВААТ УЧИЛИШНИТЕ УНИФОРМИ

Започна распределбата на училишните униформи во основните училишта во Велес. Градоначалникот Марко Колев денеска им ги подели униформите на учениците од ООУ „Васил Главинов“ и од ООУ „Блаже Конески“. Во наредниот период ќе се поделат униформите на сите учениците од основните училишта во градот и околните населени места. Со оваа мерка Општина Велес има за…

Европска недела на мобилност 2026

Општина Велес се приклучува кон Европската недела на мобилност – иницијатива што нè потсетува дека начинот на кој се движиме има големо значење за квалитетот на животот во нашиот град. Во текот на оваа недела, во период од 16 до 22 Септември,  ќе промовираме пешачење, велосипедизам, едукативни средби, се’ со цел да придонесеме за почист…

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“

Општина Велес традиционално ја организира Гастрономско-туристичка манифестација Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2026“, со цел презентација и промоција на велешката пита пастрмајлија, виното и производите на учесниците од угостителскиот, пекарскиот и винарскиот сектор. Манифестацијата е од изложбен и продажен карактер и има за цел поголема афирмација на препознатливиот велешки специјалитет, поддршка на локалните…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „РИЗО РИЗОВ“

Се реконструира водоводната линија на улица „Ризо Ризов“. ЈКП „Дервен ги започна активностите за замена на старата дотрајана со нова водоводна линија на потегот од втор болнички дол нагоре. Со замена на старата со нова линија ќе се подобри функционалноста и сигурноста на водоводната мрежа на овој дел од градот.